петок, 9 април 2010

Фергусон планира нови засилувања

Главниот извршител на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, денес посочи дека е можно ова да биде многу интересно лето и дека би можело да има нови засилувања.



Сабајлево имаше шпекулации дека Давид Виља бил понуден на Јунајтед за сума од 40 милиони фунти, но Сер Алекс морал да ја одбие поради финанските проблеми создадени од газдите на клубот, фамилијата Глејзери.Како и да е, Soccernet дознава дека Фергусон ја одбил понудата поради тоа што тој смета дека за негови години (28), Давид Виља е преценет.

Истотака се дознава дека Фергусон летово ќе бара нов напаѓач во тимот и нов голман.Вчера веќе беше донесен еден млад напаѓач од Мексико, Хавиер Хернандез и веќе одамна е осигуран потписот на Крис Смолинг од Фулам.

"Сеуште ги кроиме плановите за следната сезона.Веќе го купивме Крис Смолинг од Фулам и едвај чекаме да пристигне во Јули.За понатаму ќе видиме, можно е да биде интересен трансфер период" - изјави Гил за MUTV.

Последните шпекулации ги носат Бензема,Виља и Џејмс Милнер на Олд Трафорд, а Бербатов,Андерсон и Керик аут од тимот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори