Премиер лига, 33 коло|Сабота, 3 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester
Вака гласи моменталната ситуација на табелата, Челзи со истата улога којашто Јунајтед ја имаше подолго време, 1 бод позади првопласираниот.Двата тима не се во некоја извонредна форма, Јунајтед погоден од повредата на Руни во поразот од 2-1 во Лигата на шампионите од Баерн Минхен значи дека ќе го нема својот најдобар играч во дербито, но сепак во Премиер лигата во последните 6 натпревари има само 1 пораз и 5 победи, и 6/6 дома, а Челзи пак, во последните 6 натпревари имаат 1 пораз,1 реми и 4 победи, но на гости имаат 2 нерешни и 1 пораз од 6 натпревари.Тоа вели статистиката.
"9-те дена коишто ја одлучуваат сезоната".Така Гери Невил ги објасни трите натпревари коишто следеа по минатото коло, односно двата со Баерн Минхен и овој со Челзи.И во право е, сезоната ни зависи од овие натпревари.Започна многу лошо, изгубивме од Баерн во првиот натпревар на Алијанц и за 1 минута го изгубивме натпреварот и уште полошо, најдобриот играч Вејн Руни.Фергусон сабајлево потврди дека ќе биде отстутен 2-3 недели, значи дефинитивно ги пропушта овие важни натпревари.Сега е време Јунајтед да го покаже карактерот и Фергусон да извади победнички состав на Олд Трафорд.
Почна да се зборува како Јунајтед ќе го изгуби овој натпревар и следниот со Баерн бидејќи ни фали Вејн.Потценувањето е најлошото нешто што може да се случи кога се збори за Јунајтед, поготово со стар лисец како САФ на клупата.Ослабени сме, точно е, но не зависиме од 1 играч, тоа го покажавме откако си замина Роналдо, а и сезонава, од 11 натпревари без Вејн, сме победиле на 10 а другиот завршил нерешено.Сега, сите очи свртени кон Бербатов, човекот кој (најверојатно) ќе треба да го замени Руни во улогата осамен напаѓач.Но, според мене Бербатов не е главниот играч од кој што треба да се пазат Челзи.Средината беше кривецот што Руни воопшто даде најмалку пола од тие 34 гола до сега, според мене, па дали Бербатов или Руни ќе го даде голот мене ми е исто, само да биде гол.Средината ќе биде најважна, заедно со крилата, Валенсија и Нани/Парк/Гигс ќе бидат пресудни, доколку се запрени Јунајтед ќе мораат по средината, тука го имаме Флечер и Сколс, а можеби и Керик.Одбраната ни е конечна целосна, сега ќе треба да се борат Дрогба и Анелка против Видич и Рио, а не Еванс,Браун или Керик.
Мој тип:
Јунајтед 2 - 1 Челзи
BELIEVE
Челзи 6-7 месеци беше на прво место на табелата и имаше шанса да се одалечи од конкурентите доколку се земат киксовите на Јунајтед и Арсенал, коишто Челзи за жал не ги искористија и сега се случи тоа што се плашеа сите, Ѓаволите не стигнаа и не поминаа.Но, кризниот период мислам дека помина, за 2 кола дадовме 12 гола а примивме само 1, и тоа со 7-1 против Астон Вила којашто е конкурент за место во ЛШ, без Дидиер.Олд Трафорд е еден од најтешките стадиони да се игра натпревар, и последниве 3-4 сезони не ни оди баш добро.Сметам дека тоа е поради што премногу се браниме, додека беше Мурињо напаѓавме и затоа ги победувавме и освојувавме титули, тоа е едно од многуте важни работи за во сабота.
Имаме многу повредени играчи, но добро се приспособуваме до сега според мене без Есиен,Ешли Кол,Босингва,Карваљо...Сепак, да беа тие тука сигурно ќе беше многу различно, сега ќе мора да излегуваме со одбрана составена од Фереира и Жирков, ќе ни фалат и Бане и Ешли и Босингва.Дрогба дефинитивно е фит и е голем плус за нас, иако покажавме минатото коло дека не сме one man team.
Се надевам дека ќе почнеме напаѓачки, ќе ја имаме иницијативата, ќе ги притиснеме на нивна половина и нема да им дозволиме на крилните играчи премногу простор.
Мој тип:
Манчестер 1 - 2 Челзи.
KTBFFH!
Можни состави:
VDS
Neville - Rio - Vidic - Evra
Valencia - Fletcher - Scholes - Nani
Giggs
Berbatov
V
Drogba - Anelka
Lampard
Malouda - Deco
Mikel
Zhirkov - Terry - Alex - Ferriera
Cech
0 коментари:
Објави коментар