Лига на Шампиони, 1/4 финале, 2 рунда|Среда, 7 Април 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester
Не баш најдоброто време за гостување на Баерн во Манчестер.2 натпревари, 2 големи тимови, 2 порази.Минатиот натпревар заврши со 2-1 за нив во Минхен, со гол во последната минута, но како што би рекле повеќето реални фанови на Јунајтед,заслужена победа на Баерн.Истото може да се каже и за натпреварот со Челзи викендов, иако многу поконтроверзен од овој со Баерн, 2 недосудени пенали за нас, еден за нив, гол од офсајд на Дрогба и гол со рака на Македа.За да биде уште полошо, Руни ни е повреден.Дефинитивно многу, многу лоша недела за фановите на Јунајтед, но треба да се земат и неколку работи во обѕир за овој натпревар.
1.Имаме гол во гости.Дали е можно да не дадат гол на ОТ?Повеќе од можно, но многумина според моменталната форма на двата тима сметаат дека е неизбежно.Како и да е, ние мораме да постигнеме гол за да победиме,макар и со 1-0.Да, 1-0 за нас е резултат кој не носи понатаму.Не изгледа толку далеку полуфиналето сега така?Како и да е, какошто кажа Сер Алекс, Јунајтед никогаш не ги прават работите на лесниот начин.
2.Wake up call, the United style.Последните 2 натпревари ја немавме онаа победничка игра и менталитет, ја немавме желбата да освоиме бодови или трофеј.Неможеме да очекуваме победи против толку добри противници ако не дадеме 100% и играме најдобро.Ова е многу лошо, игравме против Челзи како да сме 10 бода пред нив.Јас се надевам дека поразите од Баерн и Челзи ќе бидат wake up call за играчите дека треба да се стегнат и да покажат кој е вистинскиот Јунајтед, дека не сме 1-man team и дека можеме и без Роналдо,Тевез и Руни пак да победуваме.
3.Ова е исто многу важно, враќањето на некои многу важни играчи на Баерн.Најголемиот проблем - Арјен Робен, сеуште е неизвесен за натпреварот и нема да се знае ништо до тренингот пред натпреварот утре, но ако мене ме прашувате Робен ќе игра 99%.Исто, тука е Ван Бајтен кој се повреди на натпреварот со Шалке и не се знае истотака дали ќе игра.Им се враќа Швајнштајгер, кој беше суспендиран поради црвениот картон со Фиорентина.Ќе бидат многу поопасни по крилата и не сум сигурен дали Рафаел и Гери Невил би можеле да ги сочуваат 90 минути и Рибери и Робен.
За составот, има 2 многу важни работи.Првата е дека САФ мора да го игра Нани прва постава а втората е дека Парк не смее да игра во први 11 до крај на сезона инаку ќе продолжиме со мизеријата.Нема против да игра заедно со Валенсија кога Руни е напред, но сега со Бербатов не смее никако да игра.Средината ќе биде многу важна, Флечер и Керик би требало да бидат тука, Валенсија и Нани по крилата и најверојатно Гигс како полушпиц па Бербатов пак сам како напаѓач.Мое мислење е дека Македа би требало да стартува покрај Бербатов дека видовме и самите како Берба се снаоѓа сам во напад и колку оживеа нападот по влегувањето на Македа, едноставно топката се лепи за детево, во вистинско место и време се појавува на големи натпревари.
Како и да е, се надевам дека ќе изиграме дрско и ќе покажеме дека Олд Трафорд е тврдина и нема што да бара тука, кој било тим на светот.Стигнавме до тука, нема откажување, идеме до крај.Come on UNITED!
9 години се многу години за тим како Баерн да нема почуствувано како е да се освои Лига на Шампиони.Всушност, тоа е и последниот пат кога Баерн дошол до 1/2 финалето.Уште поголема коенциденција е тоашто тогаш Баерн стигна до 1/2 финалето откако го елиминарше Манчестер во 1/4 финалето со натпревар против Шалке меѓу 2та натпревари.
Во Бундес лигата против Шалке, Ван Гал извади неочекувани стартни 11 со што одмараше некои играчи коишто беа вратени скоро од повреди.Алтинтоп и Контенто играа,Швајнштајгер се врати, Олич и Милер во шпицот, Демикелис и Гомез не играа за да биде целосно спремни за овој натпревар а Робен не беше воопшто повикан.Иако го изгубија Ван Бајтен на почетокот на натпреварот поради повреда на главата, Баерн победија со 1-2 и тоа без Алтинтоп од 41та минута којшто доби црвен картон.
Ван Гал обично користи 4-2-2-2 систем кадешто некој од напаѓачите добива слободна улога да се движи на која било позиција а другиот е оној кон којшто се упатени сите топки.
Повторно нема да има промени во нашата одбрана којашто сеуште ни е најслаба алка.Бут,Лам,Демикелис,Ван Бајтен и Бадштубер би требало повторно да започнат.Доколку пак Ван Бајтен не биде спремен тогаш Бадштубер најверојатно ќе добие централна улога и Прањич или Контенто би играле како лев бек.Се молам дека ќе прават помалце грешки од натпревар во натпревар, Ван Бајтен е преспор, Демикелис зависи од расположение игра, Бадштубер беше уништен од Чамак а заедно со Контенто немаат никакво искуство.Баерн никогаш немале некоја првокласна одбрана но имале добар тимски дух и енергија со што знаеле да се затворат кога им требал резултат.
Швајни се враќа со што многу му се олеснува задачата на Ван Бомел.Очекувам на крилата да бидат Робен и Рибери, иако првиот сеуште е неизвесен и нема никакви новости за него иако отпатува со тимот.Милер или Алтинтоп би играле на негово место доколку не игра, Тимошчук и Прањич на клупа.
Многу е полесна работата за Ван Гал во нападот.Сите се фит, Гомез се очекува дека ќе почне и се виде колку проблеми му создаде на Манчестер за малото време дадено од тренерот во Минхен.Можно е да го видиме Милер напред заедно со него, па сите топки да идат кон Гомез а повеќе слобода да има Милер.
Мора да го зголемиме нивото на концентрација за овој натпревар.Ова е Лигата на Шампионите, се е можно, имаме водство, мораме да го искористиме.Не смееме да правиме глупави грешки како во Бундес лигата бидејќи Јунајтед ќе казни.
Можни состави:
VDS
Rafael - Rio - Vidic - Evra
Valencia - Fletcher - Carrick - Nani
Giggs
Berbatov
V
Muller - Gomez
Robben - Van Bommel - Schweinsteiger - Ribery
Badstuber - Demichelis - Van Buyten - Lahm
Butt
0 коментари:
Објави коментар