вторник, 6 април 2010

Нема да ризикуваме со Руни - САФ

Сер Алекс изјави на пресот денес дека нема да ризикува со Вејн Руни против Баерн утре вечер, иако потврдува дека има напредок во неговата ситуација и можно е да биде резерва во натпреварот со Блекбурн.


Руни си го повреди зглобот на ногата минатата недела во поразот од Баерн во Минхен од 2-1 и според изјавата на Фергусон во петокот тој ќе биде аут од 2 до 3 недели.Имаше многу шпекулации дека Руни посетувал посебни третмани и дека би можел да направи сензационален камбек и да игра против Баерн, но Сер Алекс ги отфрли тие шпекулации на прес конференцијата денес.

Кај Руни има огромен напредок и Сер Алекс го пофали одличниот медицински персонал, но вели дека не би сакал да ризикува со Вејн уште сега.Најбрзо што фановите би можеле да го видат би било како резерва во натпреварот со Блекбурн во недела.

Кога беше прашан дали има шанса Руни да игра утре тој одговори:

"Не.Но, досега има добар напредок, најмногу благодарение на медицинскиот тим кој си ја врши работата перфектно и најдобро што можат.Не сме спремни да ризикуваме со Руни бидејќи не е 100% фит.Би можел да биде фит со Блекбурн, а сигурно за градското дерби со Сити.Има напредок но, сепак, тоа е повреда на зглобот, ништо различно од било која друга повреда на зглобот."

Кога пак, беше прашан дали би можел да седи барем на клупа тој одговори:

"Многу тешко, не верувам.Можеби ќе успее да ме наговори но најверојатно нема да успее." - изјави Фергусон.

Тимот којшто тренираше:

Training squad: van der Sar, Kuszczak, Neville, Rafael, Ferdinand, Vidic, Evans, Evra, De Laet, Valencia, Park, Fletcher, Carrick, Scholes, Gibson, O'Shea, Giggs, Nani, Obertan, Berbatov, Macheda.

Диуф не тренирал поради повреда, за Харгривс уште не се знае причината.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори