петок, 23 април 2010

Најава:Јунајтед v Тотенхем

Премиер Лига, 36то коло|Сабота, 24 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Откако помина перфектниот викенд за секој фан на Јунајтед, се враќаме во Премиер лигата против тимот за којшто навивавме последните 2 кола, торменторот на Челзи и Арсенал, по име Тотенхем.Како што знаеме, последните 3 натпревари со Спарси, Сандерленд и Стоук се must-win па овој натпревар претставува уште еден многу важен тест кон стремежот на Јунајтед за титулата во Премиер лигата.Дефинитивно нема да биде лесно со оглед на формата на Тотенхем и нивните последни неколку импресивни натпревари со многу силни тимови.Но, поддржката од фановите на Олд Трафорд плус враќањето на Вејн Руни би требало да ја направи оваа задача колку-толку полесна.

Нашата форма е WWLDW и пред победата над Сити сите веќе не отпишаа од титулата, па дури и некои од фановите на Јунајтед веќе го отпишаа својот тим од трката.Доколку мене ме прашувате, формата во последниве натпревари на тим кој се бори за титула во Премиер лигата не треба да се смета, се може да се случи.За составот со кој би можеле да излеземе сметам дека не е толку тешко да се состави.Голманот и одбраната скоро остануваат исти, ВДС, Видич,Рио,Евра и сега се надевам дека Рафаел ќе игра место Гери во првите 11 но не верувам дека Фергусон ќе го пушти младиот бразилец во волку важни натпрвари.Сега средината е најголемиот проблем и има најмногу за дебатирање.Флечер сигурно ќе игра, прашањето е кои ќе го придружуваат.Сколси можеби заслужи со голот во 93тата минута минатиот натпревар па би го играл и него.Керик дефинитивно не заслужува да игра според играта која ја прикажа со Баерн и претходните неколку натпревари, изигра многу лошо.Гигс или Гибсон на тоа место, можеби и Парк.Потоа, Валенсија и Нани како крила и поддржка за Вејн, кој пак би бил осамен во нападот.Се надевам дека Ферги нема да го стави Бербатов во вакви must-win натпревари.

За Тотенхем продолжува борбата за 4тото место.Ни на сон не би помислиле дека имаат шанса да победат 3 тима од големата 4ка за само 3 викенда, но сега тоа изгледа многу возможно.Откако испаднаа од ФА Купот имаат 6 од 6 бода и тоа против Арсенал и Челзи, двата натпревари со комплетна доминација на Тотенхем и многу многу импресивна игра.Герет Бејл го покажува своето вистинско лице на вистинската позиција за него.Не лев бек, туку лево крило.Фантастична игра покажана од него, па заедно со Дефо би претставувал најтешка пречка.

Можни состави:
VDS

Neville - Vidic - Rio - Evra

Fletcher - Scholes - Gibson

Valencia - Rooney - Nani

V

Defoe - Pavlychenko

Bale - Modric - Huddlestone - Bentley

Ekotto - Dawson - King - Kaboul

Gomes

Мој тип:
Ние тепаме.
Јунајтед 2-1 Тотенхем.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори