Манчестер Јунајтед во Хавиер Ернандез сигурно ќе добијат играч од типот на Оле Гунар Солскер, изјавува поранешниот напаѓач на Евертон и на Манчестер Сити, Адриан Хит, кој бурно ја следи мексиканската лига.
„Хавиер е познат како Кикарито, но не треба на него да гледате како на мал поради неговата игра. Тој има одлично движење низ теренот, добро се снаоѓа во воздушните дуели и скоро секогаш е успешен во дриблинзите со противничките бекови и стопери. Едноставно, кога го гледате како игра, имате чувство дека во секој момент ќе погоди, исто како кога го гледавте Оле.“, изјави Хит.
Хит, исто така додаде: „Кикарито требаше да игра уште одамна за репрезентацијата, но не беше повикан поради тоа што беше многу млад, но се појави и ги демантираше сите со 4 гола во 4 настапи. Нема да му биде проблем да игра на Олд Трафорд со таква атмосфера, бидејќи е навикнат на атмосферата на навивачите на Чивас, бидејќи во Мексико фудбалот е многу популарен спорт.“
0 коментари:
Објави коментар