Сер Алекс изјавува дека ризикувал што го играл Руни но посебно ги критикува одбрабените играчи, особено Ван Бајтен, коишто намерно го удирале по повредената нога што резултираше со повторна повреда.За среќа, овојпат не е толку сериозно.
"Имаше тренинг сесија вчера и направи се што побаравме од него.Медицинскиот тим сметаше дека ќе нема опасност, освен што би можел да осети болка во второто полувреме и јас го прифатив ризикот и го играв уште од прва минута."
"Повторно немаше среќа и си го повреди истиот зглоб.Имаше неколку фаули врз него коишто судијата не ги досуди а беа со намера, точно на повредениот зглоб.Судијата е тука за да ги штити играчите а тој во овој случај не ги штитеше, барем моите играчи.Сепак, мислам дека повредата не е сериозна, ткивото и крвните садови во ногата се проблемот.Ќе му дадеме потребен третман од утре и мислам дека ќе го пропушти натпреварот во недела, но ќе биде спремен за со Сити" - изјави Ферги.
0 коментари:
Објави коментар