Бразилскиот напаѓач на Севиља чиј договор истекува на крајот од следната сезона изјавува дека би сакал да направи трансфер во Манчестер Јунајтед летово.
29 годишниот напаѓач досега има постигнато 90 гола во 187 натпревари за Севиља и смета дека доколку направи трансфер во Манчестер Јунајтед ќе има поголеми шанси за освојување на трофеи.
"Доколку ме прашате кој тим најмногу го почитувам тоа е Манчестер Јунајтед.Ако менаџер ти е Сер Алекс Фергусон неизбежно е освојувањето на трофеи, тоа го сака секој играч на светот." - изјави Луис Фабијано за Daily Express.
Досега Фабијано има освоено 2 УЕФА купа и 1 Копа Дел Реј со Севиља и неговата цена се смета дека е околу 15 милиони фунти.
0 коментари:
Објави коментар