вторник, 6 април 2010

Фергусон:Нема да давам енормни цени за играчи

Сер Алекс Фергусон изјави денес дека не планира да прави огромни промени во тимот на лето и дека е среќен со екипата којашто ја има моментално.


Сер Алекс вели дека нема троши многу иако го продаде Роналдо за 80 милиони фунти минатото лето.Се ова се повеќе доведува до шпекулации дека Глејзери го притискаат Фергусон да не троши многу пари летово поради големите долгови коишто ги има Јунајтед, околу 800 милиони фунти.Фергусон ги обнови договорите на близнаците Да Силва и Нани, а Дејвид Гил и други членови во Јунајтед тврдат дека Фергусон ги има на располагање сите пари коишто му се потребни.

"Не е потребен целосен ремонт во тимот.Имаме многу добар состав способен за освојувње трофеи, и само фалат да се пополнат некои дупки и тоа е тоа.Гледам огромен потенцијал во овој тим и не треба да се оценува од една сезона дека тимот не е добар, треба време за да се вклопат заедно и да се пополнат некои дупки - коишто нормално не кажувам кои се."

"Имам неколку идеи моментално, но нема да има многу нови играчи.Како и да е, цените во трансфер маркетот многу се кренаа и станаа многу нереални последнава година" - изјави Фергусон за InsideUnited.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори