среда, 12 август 2009

Манчестер Јунајтед - сезона 2009/10

Шампионите влегуваат во новата сезона без Тевез и Роналдо. Како ќе се снајдат? Следува гледиштето на Гил Кларк за нивните перспективи.

Завршувајќи ја претходната сезона со двојна круна, што значеше и трета титула по ред во Премиер лигата, летово беше чудно за тимот од Олд Трафорд и Сер Алекс Фергусон потврди дека ќе го крпи тимот пред почетокот на новата сезона.
По освојувањето на Лигата, Карлинг купот и Светскиот клупски куп како и поразот во финалето на ЛШ од Барселона кој остави горчливо искуство кај некои играчи, навивачите сигурно ќе се прашуваат како ќе се снајде нивниот тим по заминувањето на двајца значајни играчи.
Необично за шампионот, поголемиот број на шпекулации што кружеа летово во врска со играчи беше за нивно заминување отколку за пристигнување во тимот. Беше мало изненадување конечното заминување на Роналдо во Реал, кој и тоа како ќе му фали на Јуанјтед и покрај цената која ја добија за него.
Карлос Тевез одлучи да продолжи кај градските ривали од Сити со што ги разочара фановите кои правеа тој да се чувствува како во Аргентина, но после последните негови изјави за и околу Јунајтед, може да биде многу брзо забораен.
За разлика од играчите кои заминаа, уште поголемо изненадување беа играчите кои пристигнаа, особено играчот кој ја наследи 7-та на Роналдо, Мајкл Овен.
Грижите околу формата и повредите сеуште го опкружуваат, пристигна како слободен играч и е право коцкање, а ако може да ги врати голгетерските способности може да биде многу позначаен од Тевез кој минатата година постигна само 5 голови во Лигата.
Следи Антонио Валенсија, крилото на Виган кое од Јунајтед беше следено подолго време. Многу повеќе ќе се очекува од него бидејќи ќе треба да ја пополни дупката која настана со заминувањето на Роналдо на десната крилна позиција и може да се процени како квалитетно засилување на тимот.
Одбранбено Јунајтед сеуште се многу моќни и со задна линија како Вес Браун, Рио Фердинанд, Немања Видич и Патрис Евра се една од најдобрите одбранбени линии во Светот.
Напред има мали проблеми, Руни ја доби неговата омилена позиција, Ферги смета дека Бербатов ќе биде многу подобар за разлика од првата сезона, а додека Мајкл Овен како и гладните за игра младинци Македа и Велбек ќе ја чекаат својата шанса од клупата.
Сепак најмногу проблеми се очекува да има во средниот ред и многу поголема одговорност од Парк, Карик, Нани, Андерсон и новиот играч Валенсија од кои ќе се очекува голема креативност и голови.
Вејн Руни се очекува да блесне оваа сезона. Најмногу ќе треба да ги надополни головите на Роналдо, а ако се знае дека и во англиската репрезентација игра на централната напаѓачка позиција, ќе биде фасцинантно да се види како ќе се справи со дополнителниот притисок.
Напаѓачот Федерико Македа се прослави претходната сезона со двата победнички голови и Феги вети дека оваа година ќе игра повеќе првотимски фудбал. Впрочем Ферги напомена дека квалитетите на Македа биле причина да не се расфрла со пари по засилување и младиот италијанец се надева дека ќе има успешен старт на неговата кариера во Јунајтед.
Нема што многу да зборуваме за Сер Алекс Фергусон освен дека уште еднаш изненади многу со тоа што не трошеше големи суми по заминувањето на Роналдо и со доведувањето на Мајкл Овен.
Шкотланѓанецот отворено кажа дека португалецот ќе недостасува и дека ќе игра подруга формација за следната сезона, а се надева дека неговиот реконструиран тим ќе успее да ја освои четвртата по ред титула во Премиер лигата.
Поразот од Барселона во мај ги зашемети играчите и менаџерот на Јунајтед и ја зголеми желбата да го повратат трофејот назад. Сепак, можеби поважно е знаењето дека уште една титула може да го направи тимот првиот што освоил четири титули по ред и уште позначајно, да го преминат Ливерпул кој има 18 титули и да станат најдобрата англиска екипа.

ИЗВОР

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори