сабота, 8 август 2009

Манчестер Јунајтед повторно ќе се докажи, и покрај заминување на клучни играчи

Шампионите може ги загубија К.Роналдо и К.Тевез но нема сомнение дека тие сеуште имаат многу силен состав.



Заминувањето на Роналдо доведе до создавање на уште посложна соблекувална отколку разнишана, откако сагата околу тоа дали ќе си оди или ќе остане заврши.
Сеуште сите тие голови и возбудувања оставаат голема дупка која ќе треба да се пополни, ако се знае дека замина и Тевез за кого може се очекуваше да остане во клубот.
Замената за нешто слично како до сега нема да се случи. Јунајтед ќе треба да одат во друга насока.
Пристигнувањето на Мајкл Овен на пример донесе нешто што малку го очекуваа. Колку натпревари ќе одигра ќе видиме но играњето со подобри играчи со победнички менталитет може само целосно да го воскресне голгетерскиот менталитет на Овен кој порано го имаше. 15 до 20 голови е реална цел.
Луис Антонио Валенсија може исто така да биде стрелец, само ако се обиде на повеќе разбирливи начини да ги надополни златните нозе на Роналдо. Робусното крило по сите пишувања се снајде добро на Олд Трафорд и може многу да импресионира по десната страна.
Кога зборуваме за импресионирање, младите играчи во составот како Велбек, Гибсон и Македа може да играат повеќе акција оваа година по нивните импресивни настапи оваа и претходната сезона. Сите тројца се талентирани и се способни да се справат со предизвикот.


Очекувам Дими Бербатов да го засили голгетерскиот ритам оваа година по ланската во која изигра доволно колку што беше потребно. Можеби присутноста на Овен ќе му помогне во тоа.
Се на се, Сер Алекс Фергусон може да се чувствува самоуверено со квалитетот кој го има и кој може да му обезбеди успешна сезона. Тешко е да се пронајде слабост. Единствени се теоријата и самозадоволството.

ИЗВОР

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори