среда, 5 август 2009

Ферги - Јунајтед можат да трошат


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон тврди дека никој од управата не го спречувал да троши големи пари во трансфер периодот


Ѓаволите се ослободија од услугите на Кристијано Роналдо, кој се придружи на Реал Мадрид за рекордна сума од 80 милиони.

Се веруваше дека со парите добиени од неговиот мега-трансфер, Манчестер Јунајтед ќе ги искористат за купување на големи имиња но за возврат ги добија младите таленти Антонио Валенсија и Габриел Обертан, кои заедно ги коштаа Црвените Ѓаволи, 20 милиони.

Имаше гласини дека сопствениците на тимот, фамилијата Глејзер, го спречиле Сер Алекс да троши големи суми пари, но тој го одрекува сето тоа.

" Не им обрнувајте внимание на луѓето кои измислуваат дека не ми било дозволено да трошам многу.Верувајте ми, тоа беше само моја одлука.

Можеби е шкотското во мене, но јас верувам во вредноста на нештата,дури и кога трошам туѓи пари, а цената којашто ја бараат за играчите кои ги баравме не беше реална."

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори