недела, 23 август 2009

Нови договори за Видич и Парк?

Манчестер Јунајтед се подготвени да им понудат нови договори на незаменливиот спрски дефанзивец, Немања Видич и корејскиот играч од средината Џи Сунг Парк според англиските медиуми.


Договорот на Џи Сунг Парк истекува на крајот од тековната сезоната и несигурноста за неговата иднина почна да биде се поголема со тоа што Јунајтед ги одложи преговорите за нов договор пред почетокот на сезоната.

Агенцијата на Парк, JS Agency, изјави за Корејските медиуми дека на се ова може брзо да му дојде крајот, но признаа дека сеуште се во почетните фази на преговори.

На почетокот на Август, извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, изјави дека очекува Парк да потпише нов договор до крајот на месецот.



Според Sunday Mirror Sport, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе понудат нов договор за Немања Видич, поради се поголемата негова поврзаност со големи европски тимови.

За Видич беа интересирани Интер,Милан и Барселона кои се верува дека беа фаворити да ко добијат неговиот потпис, а уште еден фактор за негово заминување беше и неговата жена, Ана, која се верува дека не била задоволна со животот во Англија.

На Видич ќе му биде понуден нов договор со што, неговата плата од 60.000 фунти неделно ќе биде зголемена на 100.000 фунти неделно.Моменталниот негов договор завршува во 2012 година, а Јунајтед се спремни да му понудат 1 годишно зголемување.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори