сабота, 15 август 2009

Перспективата на Фелан


Во следниов пост, ќе ги претставам коментарите на Фелан, помошникот на Сер Алекс, во врска со играчите на Манчестер Јунајтед кои ќе настапуваат во натпреварите во претстојната сезона, почнувајќи од напаѓачите па се до голманите.

НАПАЃАЧИ

7 Мајкл Овен: Години 29 Настапи 1 Голови 0

Во овој дел од неговата кариера, мислам дека Овен е возбуден што е дел од ваков тим и верува многу дека ќе успее да ја воскресне неговата кариера и убиствена форма која често беше попречувана од неговите повреди. Има извонредни квалитети како напаѓач и верувам дека ќе се вклопи во стилот на игра на Јунајтед многу брзо. Среќни сме што го имаме во тимот.

9 Димитар Бербатов: Години 28 Настапи 44 Голови 14

Бербатов е многу вешт и технички надарен фудбалер. Многу е почитуван од целиот тим и мислам дека по поминатата една сезона со нас, ќе почне да станува се` подобар и подобар.

10 Вејн Руни: Години 23 Настапи 238 Голови 98

Вејн е ѕвезда во фудбалот уште по неговиот прв премиерлигашки ден и го брани тој епитет секој ден оттогаш. Мислам дека од него досега видовме само мал дел од она што тој знае и може да го направи со топката но тој сега зрее како играч и во наредниве години се повеќе ќе не убедува во своите квалитети

41 Федерико Македа: Години 17 Настапи 5 Голови 2

Популарниот Кико треба се` уште да се развива и зрее и на психички и на физички план, но несомнено ги освои срцата на навивачите по неговите неколку минатогодишни настапи за Манчестер и неговиот гол против Астон Вила со кој им ја донесе победата на Црвените Ѓаволи. Наша обврска е овој талент да го следиме и да се погрижиме дека ќе се развие правилно и дека еден ден Македа ќе биде ѕвездата на Јунајтед.


СРЕДИНА

13 Ји Сунг Парк: Години 28 Настапи 124 Голови 12

Парк е еден од оние играчи кои изненадуваат кога најмалку очекувате. Неговата енергија се чини дека никогаш не се троши, неговата концентрација е секогаш на ниво. Совршен играч од средниот ред и единствено нешто кое го бараме од него е да дава повеќе голови. Но тој работи на тој случај и се надевам дека наредната сезона ќе ни докаже на сите дека ја подобрил својата ефикасност. Тој е многу вреден играч и кога ќе побарате нешто од него, секогаш гледа да го направи тоа најдобро што може. Интелигентен играч кој присвоил многу квалитети додека играше во холандската лига.

16 Мајкл Керик: Години 28 Настапи 145 Голови 12

Мајкл е извонредно талентиран техничар кој може подеднакво добро да ги користи и левата и десната нога и да го диктира темпото на играта. Ме радува и фактот што има и прогрес во неговата игра. Неговите настапи сега се многу подобри отколку почетните, кога дојде во овој клуб. Тој е играч од доверба и полн со сигурност во себе.

24 Дарен Флечер: Години 25 Настапи 215 Голови 13

Флечер е играчот кај кој минатата сезона беше забележан најголем прогрес од сите. Освен начинот на игра и неговиот карактер почнува да излегува од сенка и да се издвојува од сите. Минатата сезона на неколкупати се истакна како поединец и ја земаше играта во свои раце, едноставно самиот го диктираше темпото на игра. На крајот, мислам дека навистина тој ни фалеше во Рим.

8 Андерсон: Години 21 Настапи 76 Голови 0

Андо е многу, многу талентиран фудбалер кој во играта го прикажува бразилскио менталитет. Сака да игра секоја недела и да извршува секакви задачи на теренот, но му треба уште многу работа за да стане премиерлигашка ѕвезда. Тука е различна играта во споредба со Португалија. Андо се` упте се развива како ѕвезда. Пред да дојде во Јунајтед тој беше млада ѕвезда, но сега е само еден од многуте талентирани фудбалери во клубот. Можеби ќе му треба малку повеќе време додека стане вистинска ѕвезда, но се` што му треба, го има во овој клуб.

11 Рајан Гигс: Години 35 Настапи 805 Голови 108

Нема што многу да ви зборувам за Рајан. Се` што имал во него досега, го покажа на теренот и се` уште сака да покажува и да се докажува уште повеќе. Вистинска легенда. Има навика да се предизвикува самиот себеси и со тоа се мотивира уште повеќе. Минатата сезона повеќе го форсиравме да игра на средината на теренот, од каде што би можеле да извлечеме што повеќе од него. Со годините, се гледа дека тој ја губи својата брзина, но токму на средината од теренот ги има сите потребни атрибути за игра.

17 Нани: Години 22 Настапи 73 Голови 11

Нани е играч од кој очекуваме отсега па натаму секој натпревар да изненадува со своите добри игри во дресот на Јунајтед. Сето она што тој досега го покажа беше само како најава за она што треба да го покажува од оваа сезона. Нани е еден од играчите што ги купивме поради тоа што во нив видовме голем талент кој добро би му дошол на тимот. Сепак, Нани е се` уште млад и треба уште да се развива.

25 Антонио Валенсија: Години 24 Настапи 1 Голови 0

Немавме многу можности да го видиме Валенсија во дресот на Манчестер Јунајтед затоа што летово неколкупати играше за репрезентацијата, но тој е фудбалер кој имаше настапи на високо ниво за Виган и се надеваме дека во играта на Манчестер ќе внесе нешто ново и вредно. Затоа и инвестиравме во него и веруваме во тоа дека ќе блесне како играч, прво затоа што е навикнат на англискиот фудбал а како второ, затоа што има нов предизвик - Манчестер Јунајтед.

18 Пол Сколс: Години 34 Настапи 606 Голови 142

Сколс е еден од најискусните играчи не само во Манчестер, туку и во англискиот фудбал воопшто. Надвор од теренот тој е многу смирен и тивок човек кој остава неговите резултати да зборуваат за него. Некои од неговите настапи во кариерата се вбројуваат како историски во светскиот фудбал, па затоа лесно можеме да го сместиме Сколс меѓу најдобрите светски фудбалери општо. Оваа сезона, тој ќе се обиде да биде регуларен и стандарден првотимец и нешто слично како Гигс, да не` убеди дека се` уште може да игра како во неговите најдобри денови во младоста.


ОДБРАНА

2 Гери Невил: Години 34 Настапи 569 Голови 7

Гери е еден од најискусните фудбалери во тимот - ја има освоено секоја награда што постои а со Англија има играно на сите можни континентални и светски натпреварувања, но напротив, тој продолжува да си поставува предизвици за надминување. Неговото искуство ни треба, па верувам дека и тој како нас ќе сака да помине сезона без повреди.

21 Рафаел: Години 19 Настапи 28 Голови 1

Рафаел е играч кој многу брзо се поврза со навивачите, лесно се инспирира себеси и има премногу ентузијазам - клучни работи за играч од овој тим. Но тој е млад и треба да покаже уште прогрес за да стане првотимец. Сето знаење и вештини што треба да ги добие - ќе ги добие во овој клуб. Тој е интелигентен, брзо учи и сака да победува. Карактерно е многу цврст и се надевам дека тоа ќе му помогне да се развие во вистински одбранбен фудбалер.

22 Џон О` Шеј: Години 28 Настапи 343 Голови 14

Не знам зошто, но многу други играчи го потценуваат О` Шеј. Напротив, тој е еден од играчите кои на теренот го дава срцето за клубот и најмногу се труди. Освен како дефанзивец, тој е докажан и како добар голман, па затоа е прв избор ако се повреди голманот а нема повеќе измени на натпреварот. Тренира напорно и досега никој не кажал лош збор за неговиот став и приод кон играта. Го сака клубот и затоа го почитуваме. Сега тој е и регуларен репрезентативец, па затоа очекуваме од него да си ја зацементира неговата позиција во првиот состав.

5 Рио Фердинанд: Години 30 Настапи 311 Голови 7

Рио дојде во клуб кој му одговара, клуб кој секогаш го извлекува најдоброто од него. Со него квалитетот на нашата одбрана дојде на ниво, квалитет кој го немаат многу екипи. Тоа е причината што инвестиравме многу време, пари и нерви за да го доведеме на Олд Трафорд. Има многу одлични централни дефанзивци во Англија, но Рио и според многумина е се` уште број еден.

15 Немања Видиќ: Години 27 Настапи 153 Голови 12

Партнерството во одбраната на Немања и Рио се покажа како полн погодок за овој тим во последните неколку сезони што резултираше со титулите во ПЛ и онаа во ЛШ пред една сезона. Тој е силен, моќен и може уште да се развива. Неговата агресивност само го прави вистински централен дефанзивец. Освен во одбраната, му се наоѓа на тимот и на другата половина од теренот, особено по изведените корнери, со неговите моќни удари кон голот и неговата извонредна игра со глава.

6 Вес Браун: Години 29 Настапи 318 Голови 4

Вес не пропушти многу игри сезоната 2006/2007 и сезоната кога ја освоивме Лигата на Шампионите, но минатата сезона за него беше вистински малер. Ме радува тоа што преку летото тој работеше напорно за да го надополни отсуството и се надеваме дека во оваа сезона ќе биде повторно стандарден во тимот.

23 Џони Еванс: Години 21 Настапи 38 Голови 0

Џони е висок и одличен дефанзивец. Психички е многу силен и етички граден фудбалер, особини кои го донесоа на ова ниво на кое што е сега. Многу интелигентен фудбалер и на теренот и надвор од него. Одличен е со топката и не` радува тоа што многу добро соработува и со Рио и со Немања.

3 Патрис Евра: Години 28 Настапи 147 Голови 2

Патрис сега се промовира себеси во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Тоа се должи на напорите кој тој ги вложи откако пристигна во Англија во 2006тата. Тој е меѓу ретките кои ќе ви признаат дека на почетокот животот во Англија и играта во ПЛ му беа тешки, но многу малку му требаше да се привикне и набргу се вљуби во клубот. Во денешните натпревари, бековите неретко знаат да го решат натпреварот, а Евра ги има сите квалитети за да го прави тоа што почесто. Знае да ја повлече играта нанапред, добар е во одбраната, игра добро со главата... и сите овие квалитети ги разви во овој клуб.


ГОЛМАНИ

1 Едвин ван дер Сар: Години 38 Настапи 191

Едвин е меѓу најискусните играчи во тимот, па затоа многу ќе ни недостига додека се опорави од повредата. Самиот многу знае колку е почитуван во овој клуб, па затоа во секој натпревар сака да ни врати за почитта со неговите одлични одбрани. Беше одличен голман кога му се приклучи на Јунајтед, но со текот на времето, стана уште подобар. Со секоја измината сезона е се` подобар и подобар, па затоа, тој е голема инквизиција за нас.

12 Бен Фостер: Години 26 Настапи 11

Бен на тимот му се приклучи малку покасно, но тоа не го оспорува неговиот голем потенцијал. Се` уште има многу да учи и да напредува на сите полиња, но мислам дека во овој клуб со квалитетниот тренинг што го добива и со ван дер Сар како негов тутор ќе стане одличен голман. Има многу голем потенцијал и прашање на време е кога ќе го покаже со дела. Беше малку несреќен со неколкуте повреди што ги имаше, но сега му се отвора простор да стане и број еден голман во англиската репрезентација, што веруваме ќе му даде мотив да стане уште подобар.

29 Томас Кушчак: Години 27 Настапи 37

Мислам дека Томас е првиот Полјак кој заиграл за овој тим и неговите одговорности и обврски кон клубот ги прифати многу добро. Се наоѓа во клуб каде што сите голмани конкурираат за бр. 1 местото во стартниот состав и сега за сега секогаш кога бил прв голман за Манчестер бил во висина на задачата. Се надевам дека ќе продолжи каде што и застана минатата сезона, уште подобро ако ни докаже дека напреднал.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори