Премиер Лига,Трето коло|Сабота,22 Август 2009|Почеток: 16:00 h
Стадион: DW - Stadium,Lancashire
Со три поени од двата изиграни натпревари,Виган имаат тежок испит пред себе, како што ги дочекуваат играчите на Манчестер Јунајтед на DW стадионот во сабота.
Така познатите "Latics",го изгубија нивниот последен натпревар со 0-1 од Волверхамптон во средата, а успеаа да ја победат Астон Вила со 2-0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, кадешто голема улога имаше Пол Шарнер,којшто 2 пати ја извади топката од гол линијата.
Најверојатен состав:
Kirkland
Figueroa - Scharner - Edman - Melchiot
Gomez - Koumas - Thomas - De Ridder
Rodallega - Scotland
Н`Зогбиа и долго повредениот Оливиер Капо нема да му бидат достапни на Роберто Мартинез за овој натпревар.
Најмладиот менаџер во лигата е домаќин на најстариот и најтрофејниот менаџер моментално во лигата.
Манчестер Јунајтед имаат 100% рекорд против Виган во сите натпреварувања, со тоа што ги победиле сите 9 меѓусебни натпревари.
Но, тимот на Ферги влегуваат во второто северо-западно дерби со голем прашалник околу нивната шанса за да ја освојат титулата. Поразот од Барнли во средата на Turf Moor, беше прв пораз на Јунајтед од ново промовирана екипа во Премиер лигата во 4 години.Последните 2 сезона, Јунајтед успеаа да победат само 1 од почетните 4 натпревари а сепак да ја освојат лигата, но Фергусон не смее да си дозволи 2 порази за 4 дена.
Најверојатен состав на шампионите:
Foster
O'Shea - Vidic - Brown - Evra
Valencia - Carrick - Anderson - Nani
Berbatov - Rooney
Јунајтед имаат големи проблеми со повредите,поготово во одбраната каде што отсутни се Рафаел,Фердинанд,Еванс и Ван Дер Сар а останати повредени се уште Харгривс и Обертан.
Еве и неколку факти за утрешниот дуел:
Манчестер Јунајтед ги имаат победено сите 9 натпревари против Виган во сите конкуренции.
Руни има постигнато 6 гола во 9 натпревари против Виган.
Виган воделе во 3 од 4те домашни натпревари против Јунајтед, но ги изгубиле сите натпревари,а на гости не успеале да постигнат гол.
Јунајтед имаат постигнато 2 гола во последните 4 лигашки натпревари.
Манчестер Јунајтед имаат победено на 99 северно западни дербиња во Англија.
На Виган им требаат уште три гола за да стигнат до 50 гола во северно западните дербиња, но ова ќе им биде само 49тиот натпревар.
Вејн Руни има најмногу промашени удари(6) досега во сезоната,од кој било друг тим од големата 4ка.
Јунајтед имаат најголем број на удари со глави, девет.
Шампионите имаат примено само 3 корнери во 2та натпревари оваа сезона.
Виган имаат дадено 12 гола во 21 натпревар во Премиер лигата,што го прави најслаби до сега.

Вејн Руни има постигнато 99 гола за Јунајтед.
Мајкл Браун има играно 399 пати за Виган.
Немања Видиќ има почнато 99 пати како стартер за Јунајтед.
Виган немаат изгубено 2 пати по ред ниеднаш во Премиер лигата во 2009та година.
Судија на натпреварот: Howard Webb
Моја прогноза:
1-2
Родалега - Валенсија,Руни.
0 коментари:
Објави коментар