Фердинанд сеуште има проблеми со грбот
Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед изгледа ќе отсуствува од терените 3-4 недели поради проблемите со грбот.
Фердинанд играше во Комјунити Шилд овој месец, а изигра и 90 минути за репрезентацијата во пријателската против Холандија.
Потоа тој заработи мала повреда на грбот минатата недела во натпреварот против Бирмингем.
Сер Алекс првенствено мислеше дека ќе биде без Фердинанд околу 2 недели но се испостави дека ќе бидат повеќе.
“Рио ќе биде во аут 3-4 недели”рече Сер Алекс
Со ова тој ќе ги пропушти наредните три натпревари на Јунајтед и двата на Репрезентацијата наредниот месец.
Исто ќе биде неизвесен и за големото Манчестерско дерби кое ќе се игра на 20 септември.
Сепак има некои добри вести од таборот на Јунајтед, а тоа е дека партнерот од одбраната на Фердинанд, Немања Видич е подготвен да се врати на терените и да го има својот прв старт оваа сезона против Виган во сабота, а исто така и Гери Невил е во можност да игра.
“Немања тренираше со нас 10 дена и е подготвен за игра”-рече Ферги.
“Се надевам дека ќе биде добар до утре и тоа е позитивно за нас”
“Гери невил исто играше 15-20 минути во средата и исто е подготвен да ни даде доза на искуство во наредните натпревари”- заврши Фергусон.
ИЗВОР
0 коментари:
Објави коментар