петок, 7 август 2009

Oдбранбени проблеми за Јунајтед!


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, има огромни проблеми со селекцијата на одбранбената линија за мечот од Комјунити Шилд против Челзи во недела.

Вес Браун(проблеми со бутот), Немања Видич(повреда на задна ложа), Гери Невил(Повреда на препони) и Едвин ван дер Сар(скршен прст) се изоставени од составот за неделниот натпревар во Лондон.
“Сите се фит освен Вес, Видич и Невил” – потврди Сер Алекс на денешната прес конференција.
“Гери имаше полесни тренинзи и работи добро, а очекувам Вес да е спремен за мечот против Бирмингем”.
Видич повторно ја повреди задната ложа и ќе биде надвор од терените уште една до две недели, а повредата на Едвин е посериозна. Ќе отсуствува 8-10 недели. Затоа моја најголема дилема за недела е голманската позиција, не ми е воопшто лесно”.
“Ако се вратиме на натпреварот(против Валенсија), Бен и Томас играа, Томас всушност имаше повеќе работа и направи повеќе одбани во средата. Затоа се двоумам и затоа ќе разговарам со двајцата и ќе донесиме правилна одлука”.
Ферги притоа напомена дека Комјунити Шилд е последниот чекор од конечната физичка подготовка, но напомена дека оваа година екипата е на доста високо ниво и очекува добри перформанси.
“Во минатото го сметав Комјунити Шилд како показател за физичката подготвеност и им даваше на играчите повеќе време да поминат на терен пред почетокот на сезоната. Но оваа година не гледам на таков начин”.
“Сите играчи се во солидно фитнес ниво и сите се способни да пружат добри игри. А кога играш против Челзи, гордоста преовладува и играчите сакаат да победат”.

Извор

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори