Моја анализа на ривалите, нивните засилувања и шанси за титулата.
Ливерпул
Не сум премногу загрижен за нив.Имаат добар прв состав, со неколку прва класа играчи, но немаат добра клупа. Требаат само повреди на 2 клучни играчи и ќе се мачат да продолжат.Во последно време, нивниот главен играч според мене, Торес, многу повеќе стана склон на повреди а причината е најверојатно неговата работа која вложува на теренот како единствен напаѓач.Треба многу кондиција да трчаш сам во нападот 90 минути и сите надежи за освојување нешто да бидат вперени во него.Кога ќе ги погледнете замените ќе ви стане јасно.
Имаат шанси да ја освојат титулата али им треба многу среќа,да немаат повреди и да се надеваат дека Челзи и Јунајтед ќе имаат лоша сезона.
За трансферите, мислам дека Рафа повторно згреши, 38 милиони за просечен бек и играч склон на повреди, а продавајќи го 2 класи подобриот Алонсо и солидниот Арбелоа.
Шанси за титула: 6/10
Челзи
Добар систем во тимот и ги гледам како доста солидни и како најголеми конкуренти за титулата.Ќе биде интересно да се види како ќе функционираат со новиот менаџер и новите играчи, досега им оди супер и со трансферите и со резултатите. Жирков,Трнбол и Стариџ се солидни засилувања за парите дадени, поготово првиот кој верувам дека ќе биде супер играч во иднина.
Шанси за титула: 8/10
Арсенал
Ги сметав како главни конкуренти за титулата се додека не почнаа со катастрофалните трансфери. Едвај успеаа да се изборат за 4то место минатата сезона со Адебајор и Туре, а сега без нив и без нови засилувања би се покажало како многу лош потег од Венгер.Очекувам од нив да купат неколку нови играчи пред да дојде преодниот рок.
Шанси за титула: 5/10
Манчестер Сити
Добри засилувања,но сепак додека им е менаџер Марк Хјуз нема за што да се грижиме.Се надевам дека ќе земат некој поен на тимовите погоре.
Шанси за титула: 3/10
И за крај да го анализрам мојот тим
Манчестер Јунајтед
Го изгубивме Роналдо, и на хартија тоа не прави послаби, но неговиот рекорд на лигашки голови здрастично се намали од 07/08 сезоната.Даде 19 минатата сезона, што е солидно но според мене нема да биде тешко да се замени.Да ги тргнеме неговите голови од пенали и да ги додеме на вкупниот гол на голови Руни што ги даде, ќе имаше повеќе голови во 06/07 и 08/09 сезоните.Роналдо ќе фали во Европа најмногу, кога не бевме избалансирани а Роналдо играше на страната, со еден удар од 30 метри можеше да го реши натпреварот.Сепак не правеше предвидливи,целата игра да оди по него, поготово во големите натпревари, каде што игравме многу слабо минатата сезона а исто и дадените голови беа премалце споредено со другите екипи.Сезнава очекувам да бидеме по избалансирани.
Освен Роналдо, нашиот успех во последниве декади беше поради тимска работа, не големи имиња.Да, секогаш сме имале имиња, но сите биле тимски играчи.Ако не се земе во предвид модерниот фудбал каде што се гледа да се донесат големи имиња и да се иам голем буџет, титулите се освојуваат на теренот,а Јунајтед според мене го има најдобриот состав и најдобриот тренер за да ја освои Премиер лигата повторно.Првите 11 можда не ни се најсјајни, но се гледа квалитетот целата екипа, од академијата до резервите,клупата и менаџерот.Имаме фантастичен тим, брилијантен менаџер,победнички менталитет и 90 милиони кои можеме да ги трошиме кога сакаме ако ни притребаат.Дефинитивно ја очекувам титулата во Премиер лигата да ја земеме ние, и да го поминеме рекордот на Ливерпул, се останато ќе биде бонус.
Шанси за титула: 9/10
0 коментари:
Објави коментар