четврток, 6 август 2009

Клеверли:"Ми се исполни детскиот сон"


Стрелецот на еден од двата погодоци за Јунајтед против Валенсија, младиот Том Клеверли, признава дека му се оставрил сонот, да го даде својот прв гол за тимот пред познатиот "Stretford End"


За интервју на MUTV после натпреварот, Том изјави:
" Тоа е сон на секое момче.Не би можел да посакам повеќе.Кога дознав дека сум повикан со тимот бев пресреќен, но никогаш не помислив дека ќе стојам пред "Stretford End" откако ќе постигнам гол."

"Тоа е пасија на секој играч од академијата, да влезеш во првиот тим и да дадеш гол пред "Stretford End".Го гледав Велбек како го прави тоа против Стоук, и му бев многу љубоморен но сега сум многу горд на себеси."

Нормално, Том веќе се спрема за следната сезона,надевајќи се дека повторно ќе добие шанса со првиот тим, но признава дека незнае што го чека следната сезона.

" Минатата недела ми кажаа дека ќе тренирам со првиот тим.Се ми се случи многу брзо, но како за прв натпревар на Олд Трафорд за првиот тим, мислам дека изиграв добро."

" Кога тренираш со првиот тим, секој ден имаш различен режим и мораш да тренираш подобро за да сфатиш дека можеш да го направиш тоа.Неможе да биде подобро од чуството да играш со најдобриот состав на тимот, и на сцена како што е Олд Трафорд и сега кога го почуствував тоа сакам све повеќе задолженија со првиот тим."

" Планот со Ферги беше да бидам испратен на позајмица, но ме интересира што ќе биде после денешниот натпревар".

Ферги потврди дека сеуште незнае која е најдобрата опција за Клеверли." Незнаеме сеуште што да правиме.Многу тимови се интересираа за него,меѓу нив и 2 Премиер лигашки тимови.Ќе стане добар играч, но сеуште му треба искуство и тоа е тоа што го барам, а тоа може да го добие и со позајмица во послаб тим од Премиер лигата"

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори