четврток, 6 август 2009

Свен Горан Ериксон : Овен = Голови

Поранешниот менаџер на Англија, Свен Горан Ериксон, го подржува Овен кон неговата мисија да ја оживее кариерата.




Овен минатите сезони се мачеше со повреди и одржување на константна форма, и тоа беше еден од многуте фактори што Њукасл минатата сезона паднаа во Чемпионшип дивизијата.

Како и да е, Сер Алекс Фергусон му даде уште една и најверојатно последна шанса за
Овен да си ја оживее кариерата. Тој ги импресионираше фановите во подготовките за следната сезона и поранешниот англиски менаџер е пресреќен што го гледа 29 годишниот Овен како
ужива во фудбалот.

" Многу ми е мило што повторно го гледам Мајкл да игра, поготово за тим како Јунајтед" - изјави сегашниот тренер на Нотс Каунти.

" Воопшто немаше среќа со повредите, доаѓаа веднаш, една после друга.Повеќе беше во аут отколку што на терен. Секако ако Мајкл е фит и игра регулрано, дефинитивно тој е човекот кој ќе може многу да му помогне на Капело во светското првенство следната година."

"Овен кој не е повреден = голови. "


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори