среда, 5 август 2009

Шанса за камбек

Мајкл Овен ќе добие шанса да го импресионира англискиот селектор Фабио Капело на вечерашниот пријателски натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Валенсија, кој ќе се одигра на Олд Трафорд.




Капело не го повикал Овен во селекцијата на Англија 14 месеци, откако за последен пат Овен играше против Тринидад и Тобаго, иако за овие 14 месеца, 4- от по ред топ стрелец во репрезентацијата беше во топ форма и настапуваше за тимот на Њукасл.
Како и да е, преминот на 29 годишниот напаѓач во редовите на Манчестер Јунајтед, потег кој ја изненади пошироката фудбалска јавност, му даде малку надеж дека ако во овој тим се прикаже во подобро светло, ќе успее да се врати назад во составот на Гордиот Албион.

Истово важи и за 3-от по ред чувар на мрежата на Црвените Ѓаволи, Бен Фостер, кој се надева дека ќе профитира од настапите кои му следуваат, поради повредата на раката на Едвин ван дер Сар, кој ќе отсуствува до крајот на септември.

Капело, за пријателскиот натпревар со Холандија, треба да го претстави составот во сабота вечер, по локално време.


Извор

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори