вторник, 25 август 2009

Видич:"Среќен сум во Јунајтед"

Немања Видиќ ветува дека ќе ја докаже својата пожртвуваност на теренот за Манчестер Јунајтед, за да ги негира шпекулациите со неговото заминување.


Агентот на србинот, Паоло Фабри, беше цитиран минатата недела, како изјавува дека сонот на Немања бил да игра за Барселона, кој потоа тој негираше дека воопшто некогаш изјавил такво нешто.

Дополнителен притисок беше тоа што и неговата жена, Ана, била несреќна со животот во Англија, па шпекулациите почнаа да се зголемуваат.Но Видич, инсистира дека е фокусиран на одбрана на титулата во Англија, со Манчестер Јунајтед.

"Никогаш не сум рекол ништо за Барселона, Реал Мадрид, Милан или кој било друг тим.Никогаш не зборувам за мојата иднина, а со тоа незнам ни зашто некој друг би зборел.Секој фан на Јунајтед мора да ме види како играм за да сфати колку се жртвувам на теренот." - одговори 27 годишниот дефанзивец.

Победата од 5-0 кај Виган, во саботата беше првиот настап за Видич во новата сезона, откако имаше повредa на зглобот на ногата.Видиќ збореше со Фабри и за заминувањето на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез од тимот.

"Не сакам тоа да има некоe посебно влијание на тимот.Ја сум тука и ќе давам се од себе на секој натпревар.Ќе ви докажам со моите настапи" - продолжи србинот.

"Не е точно и дека жена ми е не е среќна во Англија.Незнам од каде излегле тие гласини, бидејќи таа никогаш не давала интервју или изјавувала нешто за некој весник, не сака да биде во јавноста." - заврши Видич.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори