вторник, 19 јануари 2010

Бекам:"Сити никогаш нема да бидат бр.1"

Поранешната седмица на Јунајтед, Дејвид Бекам, изјавува дека Манчестер Сити никогаш нема да бидат поголеми од Јунајтед.


Денеска во 9 часот, градските ривали повторни играат едни против други, овој пат во четврт финалето од Карлинг купот.Милионите од шеикот кој го превзема тимот во 2008, му помогнаа на Сити да донесе неколку исклучително добри играчи со цел да станат подобри од другиот тим од Манчестер и да почнат да освојат трофеј, нешто што немаат видено од 1971.

Сепак, Бекам инсистира дека милионите никогаш неможат да бидат поголеми од историјата и големината на тим како Јунајтед.

"Сити никогаш нема да бидат поголеми од Јунајтед.Не се станува со пари еден од најголемите и најуспешните тимови во светот.Историјата се гледа, не парите, нешто што Сити никогаш нема да го имаат.Никогаш не би потпишал за Сити, и да се последниот тим на планетава" - изјави Бекс.

34 годишниот дополни дека никогаш во 7 години откако го напушти Јунајтед не рекол ни еден лош збор за тимот за кој навивал од мал и кој го направи ова што е сега.

"Нема да прославам ако дадам гол против нив во Лигата на Шампионите.Би ми требало само дел од секундата за да се смирам, бидејќи секогаш кога ќе дадеш гол добиваш желба да го прославиш." - заврши англичанецот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори