Групите состоени од фанови на Јунајтед кои се грижат за интересите на тимот, и се најверојатно единствениот официјален начин на кој пораките на фановите можат да стигнат до управата, MUST и IMUSA се обидинија и закажаа состанок утре, пред натпреварот со Барнли.
Откако до јавноста дојдоа документи според кои, освен тоа што го донесоа Јунајтед во трошоци од 500 милиони фунти, Глејзерите земале и 23 милиони фунти за персонални цели, навивачките групи MUST (Manchester United Supporters Trust) и IMUSA (Independent Manchester United Supporters Association) решија да имаат состанок, утре, пред натпреварот со Барнли со што после тоа ќе го преследат заедно дуелот.
Освен членовите на двете групи, ќе бидат присутни и многу фанови коишто ќе ги обединат фановите да протестираат за Глејзери да го продадат клубот.Изјавата испратена до фановите вели:
"MUST и IMUSA, двете независни и демократски групи на фанови, ги повикуваат сите фанови на Манчестер Јунајтед, на состанок пред натпреварот со Барнли за да се зборува за Глејзерите и како го уништуваат Манчестер Јунајтед.Овој состанок беше поттикнат од финансиските вести коишто дојдоа од брошурата направена од Глејзери којашто гласи дека треба да направат 500 милиони фунти за да излезат од трошоците."
"Овој состанок има за цел да им се понуди на сите навивачи да го кажат своето мислење и сите ние да бидеме вклучени во оваа кампања.Ни требаат идеи и енергија".
Еднаш им успеа на фановите на Јунајтед да спречат превземање на тимот од BSkyB во 1998, но за жал не им успеа во 2005, кога не успеаа да ги оттргнат Глејзери од тимот.Неодамна се појави милијардер од Азија којшто изјави дека би инвестирал 1 милијарда фунти во клубот, но Глејзери не сакаа да го продадат.
0 коментари:
Објави коментар