Манчестер Јунајтед на својата официјална страна објавија дека имаат заработка од 48,2 милиони фунти за 2009 година, и исто објавено е дека има намера да се соберат 500 милиони фунти за да излезе Јунајтед од долговите.
Со продажбата на Кристијано Роналдо во Реал за 80 милиони фунти, Јунајтед ги вклучи во профитот за 2009та година кој изнесува 48,2 милиони фунти, а од парите од Роналдо беа дадени 41,9 милиони во борбата против долговите направени од Глејзерс коишто изнесуваат енормни 509,5 милиони фунти.
Јунајтед во 2008 имаше профит од 80,4 милиони фунти, коишто дојдоа со освојувањето на Премиер лигата и Лигата на Шампионите, а во 2009 се собрани вкупно 91,3 милиони фунти.
За да се ослободи Јунајтед од огромните долгови , клубот прави планови на кој начин ќе направат 500 милиони што поскоро.Се најавува дека ќе имало точен распоред и шема која ќе се следела се додека не се ослободи клубот од долговите.
Во ова спаѓаат и донирања од приватни инвеститори и компании коишто би понудиле повеќе од 14 проценти коишто досега ги има.Да не беше продаден Роналдо, Манчестер Јунајтед, 2009 ќе беше одбележана со изгуба од уште 31,8 милиони фунти, иако беше освоена Премиер лигата,Карлинг купот,Светското клубско првенство и стигнување до финалето на Лигата на Шампионите.
0 коментари:
Објави коментар