вторник, 26 јануари 2010

Рио казнет 3 натпревари од ФА

Рио Фердинанд најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Арсенал поради нападот кој го направи над Крег Фаган, во натпреварот со Хал и уште 2 од следните натпревари.


Иако судијата Стив Бенет не го забележа инцидентот, ФА го забележа и според ова за Рио ќе има автоматски бан од 3 натпревари.Откако ФА заедно со судијата ги прегледаа снимките од инцидентот, по барање од Хал, и самиот Бенет изјави дека да го видел сигурно ќе покажел црвен картон.

Фердинанд, кој се врати на натпреварот со Хал по 3 месечна повреда на грбот, му беше дадена шанса да го признае или да го одбие инцидентот до 18 часот утре, пред натпреварот со Сити.

Доколку биде казнет, ќе го пропушти и натпреварот со Портсмут на 6 Февруари и натпреварот со Астон Вила на 10ти Февруари.

Видео од инцидентот:


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори