Премиер лига, 22 коло|Сабота, 16 Јануари 2010|Почеток: 16:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester
Да не комплицираме многу, одиме право на факти.Ние сме 2ри, Барнли 14ти.Имам 14 победи оваа сезона, исто колку и Челзи, а Барнли имаат 5.Го играме натпреваров на домашен терен каде што имаме 8 победи со 1 нерешна и изгубена, но за само 3 дена играме во Карлинг купот против Сити, на кој што би требало да се фокусираме повеќе, иако Фергусон рече дека ќе излезе со млади играчи.
Оваа сезона имаме изгубено дури 5 натпревари и имаме 2 нерешени.Со Бирмингем нерешено, кога најмногу ни требаа 3 бода, така да ако зборам во името на сите фанови, ќе се согласите дека се помалку од победа тука би било премногу разочарувачки.
Бербатов треба да оди на операција на коленото, но сепак е можно да игра изјави Сер Алекс на пресот денеска, а Харгривс и Ван Дер Сар се многу блиску до враќање на терените, но не се знае дали ќе играат утре.Се надевам дека нема пак да играме со Руни сам во нападот, дека видовме како завршија последните натпревари каде што играше сам.Исто Флечер е суспендиран за натпреваров така да би требало Андерсон и Керик да се во средината.
Вреди да се спомене дека последниот бод на Барнли од Олд Трафорд е победа во 1962 со 5-2 и во последните 10 гостувања, на дури 7 од нив не успеале да дадат гол вклучувајќи го и поразот од 2-0 од Евертон пред 2 недели, со што веќе имаат 3 по ред.Исто до сега само еднаш не била затресена мрежата на Барнли во последните 17 натпревари и се 9 натпревари без победа.Им замина стариот менаџер Овен Којл, па ќе видиме како ќе им тргне со новиот, Брајан Лос.
Можни состави:
Kuszczak
Rafael - Brown - Evans - Evra
Valencia - Carrick - Anderson - Giggs
Rooney - Diouf
V
Nugent - Fletcher
McDonald - Gudjonsson - Guerrero - Eagles
Duff - Bikey - Alexander - Caldwell
Jensen
Мој тип:
Како што реков, би било крајно разочарувачки се освен победа.
Јунајтед 4 - 1 Барнли
0 коментари:
Објави коментар