Очигледно новиот менаџер на Сити, Роберто Манчини, не сака да упадне во расправии со Сер Алекс и пробува да има пријателски односи меѓу градските ривали Јунајтед и Сити, изјавувајќи дека иако има многу проблеми, Јунајтед е бесмртен.
Јунајтед сеуште се на второто место во Премиер лигата, со само 1 поен позади Челзи, иако ова лето го загубија главниот играч Кристијано Роналдо и сеуште се во криза со повредите кои ги носат низ целата сезона.
Мачини изјавува како му се восхитува на Јунајтед и би било катастрофално за кој било тим да ги потценува гигантите од Олд Трафорд по секоја цена.
"Им кажувам на луѓето да не ни се шегуваат со тоа што Јунајтед е во криза со повредите и со долговите, бидејќи тие се предобри што и покрај тоа продолжуваат да освојуваат трофеи."
"Ако постои тим кој може да се каже дека е бесмртен, тогаш тоа би бил Јунајтед.Само погледенете го продадоа најдобриот играч на светот за милионска сума и пак продолжуваат да победуваат.Се восхитувам на проектот на Јунајтед." - изјави Манчини.
Сити и Јунајтед ќе се сретнат во Карлинг купот следната среда,но ќе има и реванш на Олд Трафорд подоцна месецов.
0 коментари:
Објави коментар