Повредата на Џон О'Шеј испадна дека е полоша од очекуваното и ќе биде аут до крај на оваа сезона, потврди Сер Алекс.
О'Шеј нема изиграно натпревар уште од средината на Ноември кога се повреди на натпреварот против Франција со својата репрезентација.
Уште кога дојде во Манчестер се мислеше дека е само ситна повреда на ногата и дека ќе се врати за отприлика 1 недела.Но по лекарската анализа се виде дека ќе биде отсутен неколку месеци и ќе се врати во Февруари.Сега, најновите анализи покажуваат дека страда од т.н blood clot со што ќе биде аут до крај на оваа сезона.
"Сите во тимот многу ги погоди последната анализа.На почетокот мислевме дека е само мала повреда и дека ќе се врати за 3 или 4 дена но сега испадна дека ќе биде во аут до крај на сезоната.Ако ги погледнете сите позиции во одбраната каде што имав проблеми сезонава, О'Шеј можеше сите да игра.Дефинитивно огромен хендикеп на тимот." - изјави Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар