петок, 15 јануари 2010

Eвра: „Секако дека ќе ја освоиме титулата"

Патрис Евра верува дека целиот тим е обединет и дека има многу големи шанси да ја освојат повторно ПЛ и да бидат првиот тим што ја задржал титулата цели 4 години.

Јунајтед се вратија по 5 дневен престој во Катар, каде што на сонце одржаа неколку тренинзи, се одморија и ги разгледале целите и плановите за вториот дел од сезоната. Ако го прашуваме Патрис Евра, тој вели: „Сигурен сум дека ќе ја освоиме титулата оваа година.“

Евра изјави: „Мислам дека беше одлично што поминавме неколку дена во Катар. Убаво е кога ќе се разбудиш и ќе видиш сонце надвор. На тренинзите работевме напорно и при разговорите сфативме дека имаме многу голема шанса во натпреварите што претстојат да ја освоиме ПЛ и да дадеме се` од себе да го направиме тоа по 4ти пат и да станеме единствен тим што го направил тоа. Објектите каде што имавме тренинзи се извонредни и верувам дека постигнатото ќе го видите уште во сабота, против Барнли.“

Јунајтед во последно време не е во најдобра форма, но се` уште е еден од главните фаворити за титулата. „Не сакам да бидам арогантен, ниту па да барам оправдувања за нашата игра во последно време, но кажете ми кој друг тим што изгубил дури 9 одбранбени играчи се наоѓа во позиција за титулата во која сме ние? Никој, само Манчестер Јунајтед, затоа што ние го имаме тимскиот дух. Сега кога ќе се вратат Едвин, Рио, Видиќ и другите ќе се опорават 100% ќе бидеме многу посилни.“

Евра верува и дека ако сите играчи беа неповредени, моментално ќе беа лидери на табелата и ќе имаа поолеснета работа. „Многумина зборуваат за силината на нападот на Јунајтед. Погрешно, нашата сила отсекогаш била во одбраната. Кога одбраната е силна, можеме да го победиме секого. Ако го погледнете натпреварот на Јунајтед со Барселона пред две години на Камп Ноу, ќе заклучите дека кога играме на тој начин, обединето, сме најсилни и тоа беше наш најдобар натпревар. Оваа година не сакаме да ја испуштиме ПЛ. Знаеме дека со тоа ќе влеземе во историја и ќе се трудиме да го направиме тоа.“

„Ви кажувам, не се плашиме од никого. Само гледаме да го одржуваме победничкиот дух и да победуваме во натпреварите. Јас сум среќен и со досега постигнатото оваа сезона иако многумина не` критикуваа, но ниту еден друг тим не изгуби 9 одбранбени играчи. Кај нас во Франција велиме, на крајот го плаќаш тој што ја свири музиката, така да критиките и пофалбите се оставаат за крајот.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори