Агентот на Милош Красиќ, Дејан Јоксимовиќ, објави дека бил во Англија за да разговара за можни преговори за трансфер на Красиќ со неколку англиски клубови.
Крилото на ЦСКА Москва е еден од најзаслужните што тимот избори место во 1/8 финалето од ЛШ со неговите 4 гола во 6 натпревари и е прогласен за играч на годината во Србија, но челниците на ЦСКА Москва сакаат да го задржат Красиќ барем до на лето, за да можат да постигнат што поголем успех пролетва во нокаут натпреварите.
„Бев во Англија и можам да кажам дека има доста заинтересирани клубови за Красиќ, не само Манчестер Сити.“
Се верува дека меѓу тие клубови се освен Сити се и Челзи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
0 коментари:
Објави коментар