недела, 10 јануари 2010

Бербатов сепак на операција

Бугаринот Димитар Бербатов го пропушти натпреварот против Бирмингем во саботата и како причина за тоа според Сер Алекс Фергусон се наведуваат неговите проблеми со коленото.

Фергусон за медиумите изјави: „Тој сакаше да игра во саботата, но ние не му дозволивме за да не ја искомплицираме работата. Можеби ќе мора да оди на една операција.“ Шкотскиот менаџер при крајот на декември изјави дека на Бербатов можеби нема да му е потребна операција, но проблемите со коленото продолжуваат и по се` изгледа дека операција ќе биде единствениот излез од оваа ситуација.

На мечот со Бирмингем, Руни сам го водеше нападот на Јунајтед со Диуф кој му се приклучи последните 10 минути, оставајќи го Овен на клупата. По оваа ситуација со Бербатов, се очекува Овен да ја искористи својата шанса и да му докаже на Капело дека е компетентен да игра за англиската репрезентација на СП летово.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори