Премиер Лига, 23то коло|Сабота, 23 Јануари 2010|Почеток: 16:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester
Уште еден натпревар како минатонеделниот против тим кој што најверојатно ќе се бори за опстанок во Премиер лигата па така ништо друго освен 3 поени би било задоволително, со оглед што Арсенал и Челзи играат сеуште во Фа купот па со победа ние ќе се најдеме пак на првото место, барем до среда.
Според најавите, Рио ќе биде фит за овој натпревар што претставува многу добра вест за целиот тим, додека за Видич ќе треба да почекаме уште малце, и тој е истотака многу блиску до враќање со што нашите проблеми во одбраната ќе бидат минимални.
Во средината верувам дека ќе искочиме со стандарните Флечер и Керик со Валенсија и можеби Обертан на крилата.Би требало да се испробаат и младите играчи на вакви полесни противници иако не треба да заборавиме дека ова е Премиер лигата и сигурно нема да се предадат од почеток, поготово кога играат против шампионот.Очекувам исто и Маме бирам Диуф да стартува, со оглед што даде хет трик за резервите вчера и се надева дека ќе добива повеќе шанси до крај на сезоната во првиот тим.
Инаку Јунајтед досега нема изгубено на Олд Трафорд од Хал и од 9 натпревари има 8 победи и 1 нерешена и Хал се моментално без победи на последните 7 натпревари (4 нерешни и 3 порази) и ако не победат против нас ќе го имаат рекордот за најмногу натпревари на гости без победа, 17.Вреди да се спомне и дека Бербатов ќе го игра неговиот 50ти натпревар за Јунајтед ако настапи и ова ќе биде 150тиот натпревар на Фил Браун на кормилото на Хал.
Можни состави:
Van Der Sar
Rafael - Rio - Evans - Evra
Valencia - Fletcher - Carrick - Obertan
Rooney - Diouf
V
Fagan - Altidore
Hunt - Ashbee - Barmby - Geovanni
Mendy - Dawson - Gardner - Zayatte
Myhill
Мој тип
Пред неколку недели не натераа да играме многу добро на КС стадионот, но не гледам дека би можеле да направат сезнација на Олд Трафорд.Мислам дека е време да се испукаме и конечно да сврземе неколку натпревари, со оглед што играме против Сити во среда.
Јунајтед 3 - 0 Хал.
0 коментари:
Објави коментар