Премиер лига, 24 коло|Недела, 31 Јануари 2010|Почеток: 17:00h
Стадион: Emirates Stadion, London
Како почеток на една голема серија тешки натпревари и за двата тима, доаѓа едно од најголемите дербиња во историјата на фудбалот.Арсенал против Јунајтед, Фергусон против Венгер, по којзнае кој пат еден против друг во уште еден епски дуел на теренот.На двата тима им требаат бодови и не за џабе самиот Сер Алекс го опиша натпреваров како најважен во целата сезона на Јунајтед.
Топџиите се моментално 3ти во лигата, со 49 поени и само 1 позади Јунајтед.Имаат 15 победи, од кои дури 9 на домашен терен, 4 нерешени и 4 порази.Последните 5 натпревари им се DLWWD, со победи против Болтон 2 пати, нерешена со Вила и Евертон и пораз од Стоук во ФА купот.Вермален се повреди со Вила но можно е да не игра на овој натпревар, со оглед на следните натпревари коишто им се против Ливерпул,Челзи и Порто.Истотака го немаат главниот напаѓач Робин ван Перси заедно со Едуардо.Играчот кој може да донесе најмногу неволја за Јунајтед, дефинитивно е Фабрегас.
Јунајтед моментално се 2ро место во лигата, 1 бод повеќе Арсенал и 1 помалце од Челзи кои имаат и натпревар помалце.Имаме вкупно 16 победи, 2 нерешени и 5 порази, но на гости играме многу полошо цела сезона, со само 6 победи и 4 порази.Последните 5 натпревари ни се WWLWD со победи против Сити,Барнли и Хал, пораз од Сити и нерешена со Бирмингем.
Лошите вести се дека Рио е суспендиран на 4 натпревари неиграње поради ударот врз Фаган на натпреварот против Хал, кој не беше забележан од судијата.Тоа значи дека Рио ги пропушта Арсенал,Портсмут,Вила и Евертон.Добрата вест е тоа што Ферги официјално потврди дека Видич ќе биде фит за овој натпревар, откако не ги изигра последните 6 натпревари поради проблеми со нервот во ногата.Многу важна ќе биде и тактичката поставеност на Ферги, минатата година игравме 4 пати со нив и имавме 2 победи 1 пораз и 1 нерешена, каде што и на двете победи игравме со 4-3-3 со Андерсон,Керик и Флечер во средината, Роналдо,Парк и Руни во нападот.Со овој сет на играчи е можно тоа, но е прашање дали Фергусон ќе ризикува со 4-3-3.
Можни состави:
Almunia
Sagna - Campbell - Gallas - Clichy
Fabregas - Song - Denilson
Arshavin - Bendtner - Rosicky
V
Rooney
Nani - Valencia
Anderson - Carrick - Fletcher
Evra - Vidic - Evans - Rafael
VDS
Мој тип:
Ќе биде преинтересно, премногу неизвесно и двата тима во добра форма и и на двата тима им е потребно тоа да продолжи.Битката на средината ќе биде неверојатна за гледање.Руни е во животна форма моментално и мислам дека тоа ни дава многу мала, иако сме на гости.
Арсенал 1 - 2 Јунајтед.
0 коментари:
Објави коментар