сабота, 16 јануари 2010

Ван дер Сар ќе стане вториот најстар играч во историјата на Јунајтед

Едвин Ван Дер Сар ќе стане најстариот играч во периодот после војната што играл во Јунајтед,а со тоа и вториот најстар играч, доколку настапи денес на натпреварот со Барнли.


Ван дер Сар се врати на тренинзите оваа недела, откако му беше дозволено отсуство поради лошата здравствена состојба на жена му.Но, откако се откри дека повредата не била сериозна, Едвин се врати на терените и е можно да настапи против Барнли.

Доколку го направи тоа, со неговите 39 години и 79 денови ќе стане најстариот играч кој играл во Јунајтед после втората светска војна.Рекордот сеуште го држи уште еден холанѓанец, Реимон Ван дер Гув, кој го изигра неговиот последен натпревар против Чарлтон во Мај 2002 на 39 години и 48 дена.

Исто, Едвин ќе стане вториот најстар играч кој играл за Јунајтед во неговата историја.Првото место засега го држи Били Мередит, кој последниот натпревар го изигра на 46 години и 281 ден во Мај 1921 година.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори