Сер Алекс Фергусон го пофали Едвин ван дер Сар дека е најдобриот голман во Премиер Лигата.
39-годишниот Холанѓанец имаше тежок период од почетокот на сезоната, по скршеницата на двата прсти на пријателскиот натпревар со Баерн Минхен и отсуството од два месеца, па потоа уште 5 недели беше отсутен поради судир со Тим Кејхил на мечот против Евртон како и поради семејни проблеми.
„Едвин прави голема разлика“, изјави Фергусон. „Гледам дека во Лигата има уште неколку млади голмани кои се истакнуваат, но Едвин е најдобриот. Не е работата само во неговите одлични одбрани. Тој е секогаш сконцентриран на играта и знае што да направи со топката. Одлично е што ни се врати.“
0 коментари:
Објави коментар