Менаџерот на Молде, Кјел Јонверт, е изненаден од инстантиот успех во Јунајтед на неговиот поранешен играч Маме Бирам Диуф.
"Многу ми е жал што не го видов голот на Диуф.Ми стигнаа околу 40 смс пораки во тоа време."
"Го гледав на тренинзите со тимот на Манчестер Јунајтед пред неколку недели и бев многу среќен што го гледам како тренира со големи играчи.Маме покажа дека е спремен да се бори за тимот.Слушнав дека го фалеле многу бидејќи успеал веднаш да постигне гол, но јас сум уште изненаден што толку бргу се проби во првиот тим на еден Манчестер."
"Маме е различен играч од Бербатов и останатите и тоа го прави специјален.Јунајтед имаат многу напаѓачи кои ја чекаат топката на тацна, но Диуф може да трча со неа покрај играчи и има многу силен шут.Да влезеш во второ полувреме и да дадеш гол во Премиер лигата е за сите пофалби, речиси е невозможно и ги инспирираше тоа и останатите играчи од мојот тим да се покажуваат повеќе, со надеж дека и тие ќе заиграат некогаш во тим како Јунајтед."
"Не очекувам во 2010 Диуф да биде главен играч на Јунајтед, но ако продолжи вака не би ме чудело и ако се најде во првиот тим од следната сезона" - изјави Јонверт.
0 коментари:
Објави коментар