сабота, 30 јануари 2010

Превземањето на Јунајтед се поблиску

Фудбалскиот финансиер, Кит Харис, изјави за ББС дека богати инвеститори се интересирале за купување на Јунајтед.


Навивачката група MUST имаше состанок заедно со друга група фанови за смена на раководството на клубот, поради незадоволството кое го имаат фановите предизвикано од големиот долг.

Кит Харс, кој досега беше вмешан во смена на газдите на дури 4 премиерлигашки тимови, смета дека времето дошло да се стави крај на теророт од страна на Глејзери.

"Се чувствува дека времето е дојдено да се прекине теророт кој го трпат фановите и клубот.Сите ги слушаме како викаат дека што е многу,многу е, но никој не помага, а тоа е штетно за овој тим како Јунајтед." - изјави Харис за ББС Спорт.

Јунајтед со помош на обврзници, неодамна, собра 500 милиони фунти за колку-толку да го исплати долгот од 716 милиони кон разни интернационални банки.Но овој потег беше многу фрустрирачки за фановите бидејќи е можно во иднина да им се врати дупло, така што фановите побараа итна смена на газдите.

Вчера(29.1.2010) MUST се состанаа со многу богати и влијателни инвеститори, каде што центар на вниманието беше токму Кит Харис, кој е фан на Јунајтед уште од своето детство.

"Имаме добиено понуда и ако со смена на раководството во Јунајтед, ќе направиме добро и за тимот и за светскиот фудбал, тогаш ќе го направиме тоа.Во овој случај се работи за Јунајтед, тимот за кој навивам од кога знам за себе, значи од пред околу 50 години, играат фантастичен фудбал и претставуваат светски бренд во фудбалот." - продолжи Харис.

Малколм Глејзер и другите членови од неговата фамилија го купија клубот во 2005 година, но во главно со позајмени пари.Парите коишто си ги користеја за персонални потреби го однесоа Јунајтед во уште поголеми долгови и на крај краишта по освојувањето на Премиер лигата по трет пат,Карлинг купот,2ро место во ЛШ и Светското Клубско Првенство, заедно со продавањето на Кристијано Роналдо за 80 милиони фунти, Јунајтед беше во профит само 48,2 милиони фунти.

Харис не е сигурен дали Глејзери ќе ја прифатат понудата, ќе ги земат парите и ќе ги дадат клучевите од Манчестер Јунајтед на другите газди или ќе продолжат да ги исцицаат од тимот и оние малку пари коишто останаа.

"Се зависи од Глејзер.Се покажаа отпорни на протестите коишто ги правеа фановите за време на превземањето, незнам дали ќе се откажат.Многу ретко одат да го гледаат Јунајтед, почесто се во Америка каде што сигурно ги имаат истите проблеми како и во Јунајтед."

По продавањето на Роналдо, Јунајтед и Дејвид Гил потврдија дека сите 80 милиони му се дадени на Сер Алекс за трансфер, но Јунајтед потроши само 20 милиони, иако изгуби 2ца од 5те најдобри играчи на тимот.Истотака беше изјавено дека тимот нема никакви проблеми со финансиите.

"Долговите се направени одамна и сега малку од нив се покриени но Јунајтед го кријат тоа бидејќи сеуште крајниот рок е далеку за исплаќање на нив (Февруари 2017).Сеуште не се знае колку пари ќе требаат за да се случи превземањето но инвеститорите се оптимисти.Но, не знаеме колку Глејзери ќе сакаат да слушнат за оваа понуда, иако се работи за многу сериозна работа и понуда од инвеститорите.Тие го сакаат тимот, и имаат пари и средства да го извададат од долговите и да му дадат доволно пари на менаџерот за трансфери.Ова станува многу сериозно." - заврши Кит Харис во интервјуто за ББС Спорт.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори