Можеби не го уживавме најдобриот старт на новата 2010 година, но Сер Алекс решава да ги однесе играчите на краток одмор во Катар, за се одморат од игрите и снежните денови со неколку минимални тренинзи до Четврток.
Сер Алекс и играчите, меѓу кои и Едвин Ван Дер Сар и Маме Бирам Диуф, денеска неочекувано пристигнаа во Катар, во градот Доха, каде што ќе тренираат неколку дена на топлото сонце.
Ќе се вратат во Четврток, 2 дена пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата.Само поен позади Челзи моментално но Челзи имаат и натпревар помалку и со победа можат да имаат и 4 бода предност.Истотака, Јунајтед после Барнли ќе има задача против Сити во Карлинг купот на гости, и во Февруари против Милан во лигата на Шампионите.
Тимот има добри сеќавања од патувањата на сред сезона во потопли краишта.Пред 10 години Јунајтед отпатуваа за Бразил каде што освоија Светското клубско првенство и по враќањето освоија уште една домашна титула.Исто и минатата сезона, отпатуваа за Азија, се вратија со трофејот од Светското клубско првенство и ја освоија Премиер лигата.
0 коментари:
Објави коментар