Рио Фердинанд во сабота ќе се врати во составот на Манчестер Јунајтед по 19 пропуштени средби и 3 месечна повреда во сабота на натпреварот против Хал на Олд Трафорд.
„Рио Фердинанд ќе игра утре, тоа е добра вест. Тренираше многу добро во последниве две недели, посветивме многу внимание на неговата издржливост, тајминг...беше одличен и сега е точниот момент кога треба да се врати. Неговото враќање ќе биде поттик за целиот тим.“, изјави Сер Алекс Фергусон.
Фергусон исто така изјави дека во сабота ќе се врати и Бербатов, додека Видиќ ќе отсуствува уште две недели. Што се однесува до Маме Бирам Диуф, реални се шансите и тој да настапи против Хал во сабота. Овен Харгривс се` уште не се знае кога точно ќе се врати во тимот иако започнал со тренинзи, но Сер Алекс изјави дека го вброил Англичанецот во неговиот тим за нокаут фазата во ЛШ.
0 коментари:
Објави коментар