Напаѓачот на Сити и поранешниот играч на Јунајтед, Карлос Тевез, му го даде епитетот идиот поради што го покажал средниот прст на неговата прослава на голот во вторникот.
Аргентинецот ги постигна двата гола со што Сити сега се во подобра положба во следниот натпревар на Олд Трафорд, со резултат од 2-1.Откако го постигна својот втор гол, тој истрча до центарот на игралиштето за да прослави пред капитенот Гери Невил, кој му возврати со покажување на средниот прст.
Тој вели дека прославата се состоела за да престане да зборува дека не вредел за парите коишто ги дале Сити и дека се согласува со Фергусон дека не вредел ни тие пари за кои што му беше понуден договор од Јунајтед, на што Гери возврати со средниот прст.
"Пред целата јавност Гери изјави дека ја поддржува одлуката на Фергусон да не даде 25 милиони за мене бидејќи не сум вредел.Мислам дека многу згреши и незнам зашто го кажал тоа и додека бев во тимот никогаш сум немал никаква расправија ниту кажано лош збор за него.Од поранешен соиграч многу боли, од тренерот не толку."
"Никогаш не би го прославил така голот кон фановите, беше наменето за Невил.Кога го постигнав пеналот и кога почнав да трчам накај Гери си реков сам себе си "Затвори ја устата, ќе се каеш подоцна".Мило ми е што се одмаздив со Сити, иако има уште еден натпревар" - изјави Тевез.
0 коментари:
Објави коментар