Лига на Шампиони, 1/8 финале|Вторник, 16 Февруари 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: San Siro, Milano
Епската битка помеѓу двата ѓаволски тима, двата европски гиганти, едниот со 7 шампионски титули, другиот со 3.За почеток во оваа малку подолга најава, да се потсетиме на минатото.Во 2006-07 сезоната, Милан ги исфрли Јунајтед од полуфиналето со вкупен резултат од 5-3, и потоа истата сезона успеа да ја освои и шампионската круна.Следната сезона, 07-08, Милан беа исфрлени од Арсенал во осминафиналето и Јунајтед накрај ја освоија својата третата шампионска круна.Минатата сезона, како што добро памтите, Јунајтед изгубија од Барса во финалето а Милан играа во УЕФА купот.
Каде се сега?Милан моментално се на трето место во Серија А откако нанижа 4 порази по ред конечно победи со Удинезе, додека Јунајтед се на второ место со само 1 бод позади Челзи.Јунајтед бараат одмазда, Милан цели кон 8ма шампионска круна, кој ќе биде поуспешен, ќе дознаеме утре.
IL DIAVOLO
Мисија - Во натпреварувањето во коешто се наоѓаат најдобрите тимови во светот, има многу малку тимови коишто би биле потешки за победување од Јунајтед, а уште помалку менаџери коишто би го надитриле Сер Алекс.Но тоа е судбината на Милан и Леонардо сезонава, Јунајтед е тешката задача којашто им е дадена на Росоњерите како предизвик уште во осминафиналето.Дали можат да го поминат?Досега го направија еднаш, но тој Милан беше многу поразличен од овој сега, но истиот случај е и кај Јунајтед.Во двата наврати Јунајтед беа/се фаворити, а Милан се еден вид на аутсајдери, поубаво кажано underdogs.
Pato - where amazing happens
Форма - Се до Derby Della Madonina, Милан изгледаа непобедливо.Дури и без Александре Пато, Росоњерите успеаа да постигнат 12 гола во 3 натпревари, вклучувајќи и 3-0 победа на гости против Јувентус.Но златното правило во фудбалот се покажа уште еднаш - формата не важи за дерби натпревари.И така Милан со нанижени неколку добри резултати и победи гостуваше на Интер кој имаше неколку слаби натпревар изиграно, но се виде дека претходните натпревари немаат никакво значење на вакво дерби, па Милан изгубија 2-0 на Џузепе Меаца.По тоа, следеа 2 нерешни и елиминација од Копа Италија од Удинезе.Но, минатиот петок конечно ја прекинаа таа низа со победа од 3-2 против тимот кој ги елиминраше од Копа Италија, Удинезе.Пато и Неста се вратија, заедно со нив и Милан.Хунтелар даде 2 гола, еден Пато, а со 3 асистенции заврши Роналдињо.Но дали се Милан во најдобра форма?Не, не се.Но, она што е важно е дека Пирло,Роналдињо,Пато и Неста играат добро, и ова за Милан претставува најголемиот натпревар што ќе го играат сезонава, ако не поминат понатаму се разбира.

Деби на Леонардо во нокаут фазата
Заклучок - Јунајтед ќе мораат да ги чуваат многу добро Пато и Роналдињо, бидејќи ако им се остави простор можат многу лесно Милан да дојдат до шанси за гол.Одбраната на Јунајтед, особено бековите, ќе мора да изиграат перфектен натпревар против овие двајца.Откако сјаеше против Удинезе, најверојатно Хунтелар ќе започне од првата минута.Ќе мора да го изигра многу добро, но на играч како него не му е потребно многу место или многу време за даде гол, голот може да дојде од никаде.Неста и Силва ќе ја имаат моментално најтешката задача на светот - да го чуваат Вејн Руни.И за крај, едноставно Дида.
Коментар - Ќе биде претешко, дури и невозможно, да се запрат Јунајтед од постигнување на гол.Ќе треба Милан да го изигра најдобриот натпревар сезонава за да му успее нешто такво, и + да победи.Најслабата позиција ни е одбраната на чело со Абате и Антонини, и не верувам дека ќе можат да ја воздржат јаката средина на Јунајтед.Како и да е, Гатузо,Сидорф и Пирло ќе бидат тука, и сигурно дека и средината на Јунајтед ќе има голем притисок.Роналдињо и Пато мораат да играат најдобро, поготово играч од светска класа како Пато кој дефинитивно ќе биде тежок за чување за било кој од бековите на Јунајтед.Леонардо е неискусен, но знае да ги направи потребните потези во потребното време и таа негова смиреност може да го победи Сер Алекс.Милан дефинитивно можат да победат тука.Милан 1 - 0 Јунајтед, Forza ragazzi!
THE RED DEVILS
Мисија - Милан се едно од најголемите имиња во европскиот фудбал, фактот дека имаат 7 титули самото го кажува тоа, нели?Сан Сиро дефинитивно е еден од најопасните стадиони на којшто Јунајтед или било кој друг тим има гостувано, но мора да ја земеме иницијативата уште од почетокот.Сигурен сум дека сите знаеме дека ова нема да биде лесно, се осеќам како Милан да се тим кој во ЛШ може да направи се, ама баш се.Сите се сеќаваме на 2007ма, мислевме дека е наша година но испадна дека не е баш така.Милан и момчето со име Кака ги испреврте Хајнце и Евра на невиден начин досега и не посрамотија во Милано.Но сега сме 2010, многу работи се сменети, нема Кака, нема Роналдо, и нема да дозволиме еден пензионерски тим да не посрамоти пак, така ли е?Значи, мораме да почнеме од почеток со напаѓање и по можност еден брз гол да дадеме и после работите сами ќе си дојдат на свое место, макар и примиме после тоа.
Најважното: Тимска игра
Форма - Можеме да кажеме дека сме во добра форма, имавме 6 победи по ред се до натпреварот со Астон Вила каде што заврши 1-1, но бевме со 10 играчи од 30тата минута.5-0 со Портсмут,4-0 со Хал, 3-1 со Арсенал, 3-1 со Сити.Мора да го издвоиме Вејн Руни, 7 гола за 5 натпревари, 22 вкупно во лигата, најдобар стрелец моментално.Фантастичен скор,за фантастичниот Руни, неверојатно игра и дефинитивно Милан му доаѓаат во најдобро можно време.
Напад,напад и напад!
Заклучок - Мораме да играме како тим.Најважното нешто и најпотребното нешто ни е тоа, и мораме да се држиме за тоа.Минатиот натпревар Роналдо можеби премногу солираше и не кошташе елиминација но доколку играме како тим, како што игравме против Арсенал и доколку добро ги чуваме главните играчи мислам дека имаме огромни шанси.Мораме да се осигураме дека играчите како Пато не добиваат премногу простор и шанси.Свесни ме сите дека оваа сезона во ЛШ играме некако по дефанзивно и можеби поради тоа се должат и слабите резултати досега, иако завршивме први во групата, изгубивме од Бешикташ и изигравме 3-3 со една ЦСКА.Мораме да ја играме напаѓачката игра со Нани и Руни, што ја игравме минатите неколку кола во Премиер лигата.
Коментар - Не сакам да не правам нас фаворити или аутсајдери.Да, имаме подобар скор во последните неколку натпревари од Милан, но Милан си е Милан, никогаш не смееш да ги потценуваш.Нема фаворити и нема аутсајдери според мене.Го имаат она искуство во ЛШ и знаат што како треба за да се победи.Нервозен сум, возбуден и навистина се надевам дека ќе победиме утре.Имаме добар состав, можеме да победиме, мораме да напаѓаме уште од почеток.Мора да ја држиме средината и контролата на натпреварот, се надевам нема да излеземе како против Барса во финалето.Едвај чекам, ќе биде пре интересно, и мислам дека ќе успееме да победиме. Милан 0 - 1 Јунајтед. COME ON UNITED!
Можни состави:
Dida
Abate - Silva - Nesta - Ambrosini
Gatusso - Seedorf - Pirlo
Pato Ronaldinho
Huntelaar
V
Rooney
Park - Fletcher - Carrick - Scholes - Nani
Evra - Rio - Evans - Brown
VDS
LET THE SHOW BEGIN!