сабота, 20 февруари 2010 г.

Фергусон ја поддржува green and gold кампањата

Сер Алекс за првпат отворено зборуваше за green and gold протестите за барање на отказ на сопствениците на Јунајтед, Фамилијата Глејзер, и вели дека се додека навивачите навиваат за тимот и тимот игра добро, не е важно дали имаат зелено-жолти или црвени бои на нив.



Менаџерот пред неколку недели изјави дека протестите против американските сопственици се појавиле во лош и многу важен период за тимот.Но, дали случајно или не, се случи токму спротивното, Јунајтед влегува во една фантастична форма со фантастични резултати на гости и дома, заедно со Вејн Руни.Ферги вчера на прес конференцијата изјави како сето тоа покажувало колку на фановите им значи клубот и колку се грижат за него.

"Не сум загрижен за тоа, зашто би бил.Секој фан си има свое право да се буни за се што не му се допаѓа.И јас мислам дека тимот треба да се води според најдобриот пат а не најпрофитниот.Свесен сум и јас и целиот тим заедно со играчите за протестите и протестантите и знаеме поради што и од каде доаѓа тоа." - изјави Фергусон.

Кога беше прашан дали му е важно дали навивачите ке носат црвени или црно-бели шалови тој изјави:

"Воопшто не ми е важно, важно е дека навиваат сите за 1 тим а не за друг.Важно ни е стадионот да е преполн со навивачи кои го сакаат клубот." - заврши Ферги.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори