Играчот за кој сите се прашуваме каде е и зашто го нема повеќе во првиот тим на Јунајтед, Андерсон, признава дека размислува за својата иднина во тимот, иако сака да остане на Олд Трафорд.

Иднината на талентираниот бразилец во Јунајтед дојде до прашање откако пред неколку недели, според шпекулациите, се скарал со Сер Алекс и заминал во Бразил на преговори со други тимови.
Андо нема изиграно натпревар за Јунајтед уште од поразот од Манчестер Сити во Карлинг купот на 19 Јануари и се шпекулира дека излегол од тренинзите и заминал во Бразил, со што многу го налутил Фергусон.Бразилецот признава дека отишол во Бразил за да размислува за својата иднина, но ни и за да преговара со други тимови.
"Разговорите со Фергусон се приватни,му кажав што мислам и му ја објаснив ситуацијата.Отидов во Бразил за да размислам за мојата иднина, не за да преговарам со други тимови.Еден од моите сонови е да го претставам Бразил на Светското Првенство, но ако не игра знам дека немам шанси да бидам во составот на Дунга."
"Моменталната ситуација воопшто не ми одговара бидејќи ми требаат минути на теренот во следните натпервари.Отсекогаш добро сум стоел со Фергусон, и тој побара да давам повеќе на теренот и го прифаќам тоа, но ми требаат повеќе шанси во првиот тим." - изјави Андерсон.
Тој истотака изјави и дека Јунајтед сеуште не го видел најдоброто од него, откога пристигна во тимот во 2007.
"Освоив многу титули со Манчестер, но фановите сеуште не го виделе најдоброто од мене.Не сум машина, не е возможно да давам 100% во секој натпревар и го прифаќам и знам за фактот дека не играв добро во некои натпревари, но тие не се доволни за да ме спречат да продолжам понатаму." - заврши бразилецот.
0 коментари:
Објави коментар