недела, 28 февруари 2010 г.

"Луд сум по Јунајтед" - Усеин Болт

Олимпискиот рекордер и одамна познат фан на Јунајтед, Усеин Болт, изјавува дека ќе биде присутен на Вембли за финалето на Карлинг купот, и ќе седи заедно со фановите на Јунајтед да го бодри својот омилен тим.


Јамаскиот спринтер изјави дека сака да слави заедно со фановите на крајот на натпреварот и дека бил многу исфрустриран кога на почетокот на Јануари, неговиот омилен тим играл многу слабо.

"Сакам да славиме на крај.Кога ќе дојде Јануари, обично играме фантастично и така продолжуваме до крај на сезоната.Оваа сезона имаше и плусови и минуси, неможеме сеуште да ги најдеме перфектните стартни 11, коишто ќе се уклопат заедно.Еден фактор за тоа се повредите, но тим како Јунајтед не смее да се вади на повредите доколку не ја освојат Премиер лигата."

Светскиот рекордер бил толку изнервиран по поразот на тимот на Сер Алекс од Евертон што не отишол на тренинг истиот ден, а во вторникот задоцнил поради слична причина - го следел натпреварот Јунајтед-Вест Хем.

"Секогаш кога се Керик и Флечер во средина се чувствувам по сигурно.Исто, преферирам да не биде оставан Руни сам во нападот, подобро е да има уште еден до него, иако добро му оди сезонава.Прашањето е кој, бидејќи Бербатов сезонава не си ја врши задачата според очекувањата и сумата платена за него.Исто, сметам дека немаше да бидеме во ваква позиција доколку Рио и Немања беа фит цела сезона, но тоа е."

Болт ги следел Јунајтед уште кога бил мало дете на црнобел телевизор, и изјави дека Руд ван Нистелрој му бил најомилениот играч и идол уште од мали нозе.Усеин го посети тренинг центарот на Јунајтед, Керингтон минатата сезона.

"Бев и на натпреварот со Арсенал кадешто Јунајтед ја освоија титулата минатата сезона, и ја имав мојата видео камера со мене и снимав се.Сеуште го чувам видеото и тоа ми е едно од омилените нешта што ги имам." - заврши Болт.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори