среда, 24 февруари 2010 г.

Оживеан интересот за Виља

По се` изгледа, не се откажуваме така лесно од играчот со кој најчесто бевме поврзувани цела сезона, Давид Виља.





Иако Фергусон многупати изјави дека Виља не вреди за 45 милиони фунти, минатиот викенд на натпреварот на Валенсија против Хетафе, тој го испрати неговиот брат и скаут на клубот, Мартин Фергусон да пренесе импресии од настапот на Виља. Виља на натпреварот погоди дури два пати.

Одлуката да не се брза со потписот на Виља на почетокот на сезоната на Фергусон му се покажа како одлична. Руни влезе во неверојатна форма, додека можеби главната причина која повторно е заинтересиран за Виља е слабата претстава од вториот човек задолжен за голови во тимот, рекордното трансфер засилување - Димитар Бербатов.

Шпанскиот клуб досега ја зголемуваше цената на Давид Виља, но по слабите игри и како што се чини, неможноста да се пласираат во ЛШ наредната сезона, ќе мора да попушти пред нападите со трансфер понуди од многу звучни клубови. Но, според Виља, најблиску до неговиот потпис се премиерлигашите, бидејќи тој изјави дека не сака да игра за Барселона и Реал Мадрид поради почит кон својот клуб и навивачите.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори