понеделник, 22 февруари 2010

Гери МекАлистер - Флечер во класата на Иниеста и Чави

Легендата на Ливерпул, Гери МекАлистер, по мечот со Милан излезе со пофални зборови за играчот од средината на Јунајтед, Дарен Флечер, споредувајќи го со големите Иниеста и Чави.




„Нема двоумење дека Дарен Флечер прераснува во фудбалер од светска класа. Навистина го мислам тоа и во наредниве сезони верувам дека тој ќе го докаже тоа. Во моментов нема многу подобри играчи од средината од Чави и Иниеста и уверен сум дека Флечер е меѓу тие малкумина.

Има шанси Манчестер и Барселона повторно да се сретнат во ЛШ, како и фактот што Шкотска ќе одигра двомеч со Шпанија за квалификациите за наредното ЕП, па тогаш ќе видиме судир на овие фудбалери и ќе се увериме дека Шкотска му даде на фудбалот одличен фудбалер од светска класа“, изјави Мек Алистер.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори