Талентираниот србин, Милош Красич изјавува дека сака неговата иднина да ја знае до пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка.

Српскиот репрезентативец го прифати вниманието на екипи од големата Европска елита, како Милан,Реал Мадрид,Манчестер Јунајтед,Ливерпул и Баерн Минхен и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.Тој самиот вели дека трансфер во Реал,Милан или Манчестер бил остварување на неговите соништа.
"Сеуште сум играч на ЦСКА и немам потпишано за ниеден тим.Но, имам многу избори и ќе мора да решам пред почетокот на Светското, бидејќи не сакам да имам ништо друго за размислување освен понатамошен пласман со Србија.Каде би отишол?Сеуште незнам, тим со историја како Реал е многу тешко да се одбие, но тука се и Милан и Манчестер.Каде и да отидам би ми било остварување на соништата." - изјави Красич за Спортски Журнал.
0 коментари:
Објави коментар