Карлинг куп, Финале|Недела, 27 Февруари 2010|Почеток: 16:00h
Стадион: Wembley,London
Уште едно финале со нашите херои, и шанса да се дополни, и онака полниот, кабинет со трофеи на Олд Трафорд, и конечно да им се одмаздиме за одземањето на 5 бода во лигата на Вила.
Ние имаме шанса да си го завршиме и така фантастичната недела за нас, со победа од 3-0 против Вест Хем, и пораз на Челзи од сограѓаниве со 2-4 на Стемфорд Бриџ.Чим стигнавме до тука, зошто и да не го освоиме купов, се измачивме со Спарси и Сити(x2) за да стигнеме до тука, а младинците со Барнсли и Волфс.Секако сите не погоди повредата на Андерсон и поразот од Евертон.Играчите беа/сеуште се изморени од густиот распоред што го имаме уште од декември, па можно е да бидат одморени некои клучни играчи, иако е финале.Ферги изјави дека на младинците им е потребно т.н "Вембли искуство" и дека е можно да го одмори нашиот најдобар стрелец Вејн Руни, кој стартуваше во сите натпревари на Јунајтед во 2010.Рио уште ни е повреден, Вида конечно ни се врати, Гигс уште 2-3 недели ќе биде во аут, а Харгривс "се враќа" уште од Декември.
За Вила ова е огромна шанса конечно да освојат еден трофеј, макар да е и Карлинг куп.Имаше гол парада во натпреварот со Блекбурн во борбата за место во финалето којшто заврши со вкупен резултат од 7-4 за Вила.Пред тоа го победија Портсмут, Сандерленд на пенали и Кардиф.Знаеме каков е нашиот, а и на другите екипи од големата 4ка,рекорд против Вила, само 1 бод од можни 6, не победија на ОТ и извадија реми на Вила Парк, се е можно да се случи на Вембли.Покажаа дека имаат квалитет за во ЛШ, заедно со Евертон и Тотенхем, и сигурно ќе биде тесна борбата за 4тото место со Ливерпул и другите.Со играчи како Агбонлахор,Милнер,Јанг,Петров,Даунинг покажаа дека се навистина опасна екипа и дека ќе се борат да го земат и овој трофеј.
Можни состави:
VDS
Rafael - Evans - Vidic - Evra
Valencia - Carrick - Fletcher - Park
Rooney - Berbatov
V
Agbonlahor - Heskey
A.Young - Milner - Petrov - Downing
Cuellar - Dunne - Collins - Warnock
Friedel
Мој тип:
Очекувам да го додадеме трофејов во нашиот кабинет и да им покажеме дека нема заебанција со шампионот на Англија, да оставиме срце на терен и потоа заедно да се радуваме сите.
Јунајтед 2-0 Астон Вила.
0 коментари:
Објави коментар