Дарен Флечер верува дека станал професионалец и она што е сега најмногу благодарение на неговиот идол од детството, Рој Кин.

"Мислам дека станав професионалец поради Рој.Тој ме научи што е потребно за да се стане првотимец во Манчестер Јунајтед.Секој ден ми повторуваше што да правам и како, потоа се навикнав и откако си отиде ме водеа неговите зборови."
"Ако направев нешто лошо, ќе ми викаше и критикуваше, но кога ќе направев нешто добро, секогаш ме фалеше.Никој не го имаше слушнато Рој во тоа време како фали некој играч, бидејќи тоа го правеше многу тивко, да не речам шепкаше."
"Најважната работа за да останеш во тимот е да бидеш ментално спремен.Јас бев и сеуште сум еден од тие што иако се критикувани не се кријат веднаш и не се откажувам лесно.Константно си предизвикуван да се бориш за местото во Јунајтед.Сакам да останам тука до крајот на мојата кариера и сите да ме памтат откако ќе си заминам по добро." - заврши Флеч.
0 коментари:
Објави коментар